Возачот на Ферари во Формула1, Шарл Леклер, ќе започне од првата позцијата на утрешната трка која ќе се вози за Големата награда на Каталонија.
Тој денеска пред речиси полни трибини успеа да обезбеди најдобро време во квалификациите и да ги остави на второто и третото место членовите на Ред Бул, Луис Хамилтон и Карлос Саинц Јуниор.
Пред утрешниот главен настан во Шпанија кој ќе започне од 15.00 часот, Леклер е лидер кај возачите со 104 бодови. Второто место го има бранителот на титулата Макс Верстапен со 85 а третото Серхио Перез со 66 бодови.