Фудбалерот, Герет Бејл, откако ја заврши соработката со Реал сака и понатаму да остане во Мадрид и затоа му се понудил на Гетафе. Велшанецот бара клуб за да остане во форма по историскиот пласман на Светското првенство во Катар што е прво за неговата земја по 64 години пауза. „Разговарав со неговиот менаџер но, треба да се видам и со тренерот околу неговите планови. Не знам дали ќе дојде но, се може да се случи“ – рече првиот човек на Гетафе, Анхел Торес.
Author: dino
Во периодот од 14 до 17 Јуни, 2022 година, Фондацијата- „Марко Божиновски“ќе го реализира премиерното издание на Меморијалниот ракометен турнир – „МАРКО БОЖИНОВСКИ“, за ракометари до 18 години на кој ќе учествуваат осум младински екипи од Хрватска, Србија и Македонија. Натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи а победниците ќе се сретнат за прво место додека второпласираните за трето итн. Турнирот ќе се реализира во спортскиот центар „Ново Лисиче“, Општина Аеродром, кој од минатиот октомври е преименуван во С.Ц „Марко Божиновски“
Арсенал и Вест Хем покажуваат дека се заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Сити, Александар Зинченко. 25-годишниот Украинец продолжува да има статус на резерва на Етихад и затоа размислува за нов предизвик. Тој по поразот од Велс во плеј-офот за Мундијалот, сега ќе може да размислува за нов клуб бидејќи има неколку опции.
Јувентус ќе се вмеша во трката за потписот на играчот од средниот ред на Валенсија, Карлос Солер, кој има трансферна вредност од околу 50 милиони евра. 25-годишниот фудбалер го привлече вниманието на Барселона, Атлетико Мадрид, Наполи и Милан. Тој целата кариера ја помина на – „Месталја. За првиот тим дебитираше во 2016 година и досега има 222 меча, 35 гола и 31 асистенција. За Шпанија одигра 7 натпревари и постигна 2 гола.
Рома се откажа од идејата да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака поради високата трансферна цена, тврди денеска „Газета дело спорт“. Ван-Бисака кој не влегува во плановите на новиот менаџер, Ерик тен Хаг, се проценува на околу 30 милиони евра. Бидејќи сумата е превисока за Италијанците, тие ќе се насочат кон десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин. 27-годишниот Шпанец е проценет на околу 20 милиони евра.
Дефанзивецот на Челзи, Цезар Аспиликуета, ќе добие понуда да се пресели во Барселона. Каталонците стапиле во контакт со луѓето од „Стемфорд Бриџ“ нудејќи им да платат 5 милиони евра за услугите на 32-годишниот фудбалер. Аспиликуета кој во претходната сезона одигра повеќе од 30 натпревари, неодамна изјави дека има желба да се пресели на стадионот – „Камп Ноу“.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, пикирал три имиња за да го засили средниот ред, објавија медиумите во Англија. Станува збор за Џон Мекгин од Астон Вила, Џејмс Вард-Праус од Саутемптон и Кристијан Ериксен од Брентфорд. Италијанецот сака да купи играчи што имаат искуство во Премиер лигата. „Спарси“ го испратиле првото барање до Астон Вила за Мекгин но, добиле негативен одговор.
Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, ги договорил личните услови со Баерн Минхен и неговиот трансфер е речиси готов, објавија денеска дел од медиумите во Германија. Иако „црвените“ ја одбија првата понуда која беше вредна околу 30 милиони евра, добро упатени извори тврдат дека трансферот е речиси 90% сигурен. Интернационалецот од Сенегел треба да потпише договор со Баварците на четири или пет сезони и да добива годишна плата од 20 милиони евра.
Поранешниот италијански фудбалски напаѓач, Филипо Инзаги, веројатно ќе се врати на тренерската работа бидејќи добил понуди од клубовите од Серија Б – Асколи, Калјари и Пиза, пренесува – „La Gazzetta dello Sport“. Тој претходно работеше во Милан, Венеција, Болоња, Беневенто и до неодамна во Бреша откако по сите превирања со управата мораше да си замине од тимот. Ќе потсетиме дека Инзаги беше дел од селекцијата на „aѕурите“ што го освои второто место на Европското првенство во 2000-та а шест години подоцна стана светски шампион.
Ферари иако имаше одличен старт на сезоната во Формула 1 гледано како кај возачите така и кај конструкторите, Ред Бул успеа да на последните 4 трки да ги помине Италијанците. Анализите велат дека таа слика ќе продолжи и по трката во Баку бидејќи патеката во Азербејџан која нуди комбинација од долги прави и бавни свиоци, теоретски е посоодветна за болидот на Ред Бул. На собирот во Азербејџан, членот на Ферари, Шарл Леклер, веројатно ќе го користи вториот мотор од почетокот на сезоната. Ред Бул веројатно исто така ќе се определи за промени.
