Ферари иако имаше одличен старт на сезоната во Формула 1 гледано како кај возачите така и кај конструкторите, Ред Бул успеа да на последните 4 трки да ги помине Италијанците.
Анализите велат дека таа слика ќе продолжи и по трката во Баку бидејќи патеката во Азербејџан која нуди комбинација од долги прави и бавни свиоци, теоретски е посоодветна за болидот на Ред Бул.
На собирот во Азербејџан, членот на Ферари, Шарл Леклер, веројатно ќе го користи вториот мотор од почетокот на сезоната. Ред Бул веројатно исто така ќе се определи за промени.