Author: dino

Рускиот тенисер, Данил Медведев, изненадувачки загуби од Холанѓанецот Тим Ван Ријтховен со 2-0 во сетови, (6-4, 6-1) во финалето на турнирот во  Хертонгенбош. Првиот сет го реши брејкот за 6-4 додека во вториот Медведев кој беше прв носител едноставно се загуби на теренот. 25-годишниот тенисер, Ријтховен, досега немаше освоено Челенџер во кариерата. Тој се наоѓа на 205. место на светската АТП-листа.

Read More

Македонските одбојкари ја обезбедија и третата победа во групата „Б“ во Сребрената Лига  откако беа подобри на гостувањето кај БИХ со убедливи 3-0. Нашите одиграа одлично во сите три сета и успеаја да ја прекинат серијата од три пораза и да се вратат во игра за врвот на табелата. Утре во нашата група во рамките на 7 коло ќе биде одигран мечот меѓу Романија и Албанија. Романците се лидери со 11 бодови, Македонија и Албанија имаат по 10 додека БИХ остана на 2 бода.

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, вели дека мора брзо да се заборави поразот од Грузија во „Ц“ сегментот во Лигата на Нации и да се размислува за наредните мечеви. „Секој пораз боли, но сето тоа е минато. Мора да мислиме и да гледаме напред, мора да ги поправиме грешките. Нема фудбалер во соблекувалната кој не го дава максимумот, но фудбалот е таков, некогаш и неправеден а ние примивме такви голови со Грузија“ – рече Барди. Мечот меѓу Македонија и Гибралтар ќе биде одигран утре од 18.00 часот на Арената во Скопје.

Read More

Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, се соочува со неколку кадровски пробелми пред утрешниот меч со Гибралтар во рамките на 4 коло во Лигата на Нации. „Трајковски дефинитивно не игра, Елмас тренираше но, останува неизвесен а неколку други фудбалери се со настинка и исцрпени. Сепак, имаме обврска секогаш да го дадеме максимумот без разлика кој е противникот“ – вели Милевски. „Со Грузија одигравме 50-60 минути, но, ни недостигаше тој завршен пас, мора да бидеме поконкретни во зоната на шут. Така беше и со Бугарија и со Грузија. Да, доминантни сме, имаме посед, имаме ситуации за гол но, мора…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жезус, ќе го напушти стадионот – „Етихад“ во текот на летниот трансфер период, најавуваат денеска медиумите на Островот. Тој сака да си замине од четата на Гвардиола, но, има желба да остане во Премиер-лигата. Наводно, за неговиот потис се заинтересирани лондонските, Арсенал и Челзи. Бразилскиот фудбалер во изминатото лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но, шпанскиот тим не испрати понуда.

Read More

Фудбалските репрезентации на Англија и Италија денеска ќе играат на празниот стадион – „Вембли“ бидејќи ФА заработи казна од УЕФА по големите инциденти што се случија на финалето на Европското првенство. Фудбалската асоцијација на Англија  исто така беше казнета со 100.000 евра . Сепак, на стадионот се очекува да има околу 3.000 деца со специјална дозвола на УЕФА. Ќе потсетиме дека англиските фанови на споменатото финале на континеталниот собир имаa серија физички пресметки со полицијата.

Read More

Европската куќа на фудбалот планира да го одложи утрешниот меч Грузија-Бугарија откако експедицијата на нашиот источен сосед доживеа сообраќајна несреќа во Тбилиси а еден фудбалер беше посериозно повреден и мораше да оди на операција. Средбата во рамките на нашата група во Лигата на Нации е закажана за утре од 18.00 часот а претставниците на УЕФА во Тбилиси предложиле да се игра во друг термин. Во сообраќајката, репрезентативецот на Бугарија, Тодор Неделев, заработил повреди на черепот  и морал веднаш да оди на операција.

Read More

МЗТ Скопје ја одбрани шампионската титула во домашниот шампионат откако во финалето на плеј-фот со 3:1 беше подобар од Пелистер. „Штрковите“ победија денска во Битола со 102:93 и се израдуваа на деветтата шампионска титула во последните десет сезони. Милошевиќ со 31 поен, беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје и на крајот беше прогласен за МВП на финалето. Војдан Стојановски и Рикиќ кои дадоа по 17 поени. Кај Пелистер, Малешевиќ 21 и Кесар 19 поени.

Read More

Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски и претседателот на ИОК, д-р Томас Бах, по повод 30 годишнината од основањето на МОК и 51-то Генерално Собрание на Европските олимписки комитети остварија работна средба на која беа договорени многу нови проекти за МОК. Во исто време, Претседателот Бах ја отвори Лабораторијата на МОК за постигнување на врвни спортски резултати, која е создадена да го следи психо-физичкиот развој на најдобрите македонски спортисти, но и да го унапреди истиот, како и да ги дијагностицира и менаџира однапред сите можни спортски повреди. Претседателот на ИОК, Томас Бах на претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски му…

Read More

Првиот голгетер на Тотенхем и на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, може да биде замена за Роберт Левандовски во Баерн Минхен доколку Полјакот добие зелено светло да го напушти тимот. Во таков случај, германците за потписот на Кејн ќе мора да платат повеќе од 100 милиони евра. Ќе потсетиме дека голгетерот во претходното лето сакаше да ги напушти „спарси“ и да замине во Манчестер Сити, но, трансферот го спречи првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.

Read More