Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Сити, набрзо ќе ја испратат првата понуда за дефанзивецот на Брајтон, Марк Кукуреја, кој во претходната сезона одигра 35 натпревари и постигна гол против Манчестер Јунајтед. Се верува дека Брајтон за потписот на 23-годишниот Шпанец бара најмалку 50 милиони фунти што не треба да претставува проблем за богатите сопственици на клубот од – „Етихад“. За Кукуреја се заинтересирани уште неколку англиски екипи пред се Челзи и Тотенхем.
Author: dino
Новиот тренер на фудбалерите на Валенсија, Џенаро Гатузо, сака да го купи напаѓачот на Лил, Тимоти Веа, пишува новинарот, Николо Скира. „Лилјаците“ ги започнале воведните преговори со колегите од Франција бидејќи така наречениот пит-бул, проценува дека Веа ќе биде одлично засилување за неговиот состав. 22-годишниот играч е роден во Њујорк и има државјанство на САД. Тимоти е син на добитникот на Златната топка, Џорџ Веа, кој на времето беше страв и трепет за противничките голмани.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не знае дали ќе има нови фудбалери пред почетокот на летните подготовки на 4 јули, објавија денеска дел од медиумите во Италија. Неговиот тим во текот на летово ќе го напуштат: Џорџо Киелини, Пауло Дибала, Федерико Бернардески и Алваро Мората. Неизвесна е судбината на Матијас де Лихт за кого се заинтересирани неколку европски гиганти. Затоа, Алегри побара од управата да го забрза процесот на купување на крило, централен играч за врска и бек.
Американски конзорциум предводен од Питер Кенион, некогашен извршен директор на Манчестер Јунајтед и Челзи, се обидува да го купи Евертон. Конзорциумот е финансиран од група околу полскиот тајкун Мациек Камински со седиште во Минеаполис и милијардерот, Џон Торнтон. „Карамелите“ кои се спасија од испаѓање од Премиер-лигата се проценети на околу 550 милиони фунти.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, сака да го ангажира младинскиот репрезентативец на Англија, Џед Спенс. Десниот бек беше меѓу најдобрите играчи на Нотингем Форест кој успеа да ја оствари долгогодишната цел и да се врати во Премиер лигата. Спенс кој има 21 година е во сопственост на Мидлсброу и настапуваше како позајмен. Се претпоставува дека „спарси“ на инсистирање на Конте ќе испратат понуда за него.
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ја добија за противник ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига. „Лавовите“ кои како освојувачи на Националниот Куп, беа ослободени од обврските на стартот на елиминации денеска го добија противникот за второто коло. ] Првиот меч се игра во соседството на 21 јули а реваншот е седум денови подоцна во Македонија.
Фудбалерите на Шкупи ќе играат против Линколн Ред од Гибралтар во првото квалификациско коло за новото издание во Лигата на шампионите. Тоа е состав кој во изминатата сезона играше во Конференциската лига со што стана првиот клуб од Гибралтар кој настапил во групна фаза во натпреварување под капата на УЕФА. ѓ Шкупи на првиот меч на 5. или 6. јули ќе ја има улогата на домаќин додека реваншот ќе биде одигран на 12 или 13. јули.
Најтрофејниот фудбалски состав во нашава земја, Вардар, денеска слави јубилеј – 35 години од освојувањето на титулата во поранешна Југославија. Тогашниот тим предводен од тренерот, Андон Дончевски, оствари 15 победи, 8 нерешени и 11 порази. Подоцна титулата му беше доделена на Партизан откако им беа вратени бодовите на десет клуба кои првично беа санкционирани за „местење“ натпревари во претходната сезона. Вардар сепак доби дозвола од УЕФА да настапи во Купот на европските шампиони.
Кошаркарите на Голден Стеј на домашен терен го совладаа Бостон со 104 спрема 94 и дојдоа до предност од 3-2 во финалето во НБА лигата. Вигинс со 26 кошеви и 13 скокови заедно со Томпсон кој застана на 21 поен, беа лидери кај „воините“. Најдобриот играч на Голден Стејт, Стеф Кари, уфрли само 16 поени и не постигна ниту една тројка. Во редoвите на Бостон се издвои Тејтум (27 поени, 10 скока). Наредниот меч кој може да го даде шампиoнот на НБА ќе биде одигран на 17 јуни.
Весникот – „Марка“ објави дека челниците на Севилја ќе му дозволат на дефанзивецот, Жил Кунде, да замине во Челзи доколку „сините“ од Лондон платат минимум 65 милиони евра. Централниот стопер не крие дека има голема желба да настапува за екипата од „Стенфорд Бриџ“ која и во претходното лето се обиде да дојде до неговиот потпис, но, шпанците не ја прифатија понудата. Во исто време и Генералниот директор на Севилја, Хозе Марија Круз, призна дека Кунде инсистира да замине од клубот.
