Кошаркарите на Голден Стеј на домашен терен го совладаа Бостон со 104 спрема 94 и дојдоа до предност од 3-2 во финалето во НБА лигата.
Вигинс со 26 кошеви и 13 скокови заедно со Томпсон кој застана на 21 поен, беа лидери кај „воините“. Најдобриот играч на Голден Стејт, Стеф Кари, уфрли само 16 поени и не постигна ниту една тројка.
Во редoвите на Бостон се издвои Тејтум (27 поени, 10 скока). Наредниот меч кој може да го даде шампиoнот на НБА ќе биде одигран на 17 јуни.