Пилотот на Хаас, Мик Шумахер, вели дека е крајно лудо екипите во Формула 1 да поминат речиси 9000 километри од Баку до Монтреал за само неколку денови.
Временската разлика меѓу двата града во Азербејџан и Канада е осум часа што ќе биде дополнителен проблем да се адаптира биоритамот кај сите учесници.
„Тоа е тешко патување за сите. Патуваме од еден континент до друг. Сигурен сум дека кога ќе се вратиме во Европа ќе биде полесно да влеземе во ритам бидејќи ќе се патува со камиони“ – изјави Шумахер.