Author: dino

Фудбалерот, Садио Мане, кој во текот на летово го напушти Ливерпул и се пресели во Баерн Минхе, ќе биде меѓу најплатените играчи во клубот. Сенегалецот ќе добие околу 60 милиони евра за три сезони или 20 милиони годишно. Тоа е за осум милиони повеќе од сумата што ја добиваше кај „црвените“. Најплатен играч кај Баварците е напаѓачот, Роберт Левандовски, со 23 милиони евра по сезона.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, го убедил англискиот репрезентативец, Арон ван Бисака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во Рим, објавија дел од медиумите.   Италијанскиот состав сака да го земе на едно-годишна позајмица а потоа да го откупи неговиот договор. Десниот бек има трансферна вредност од 20 милиони евра.

Read More

Фудбалерот, Анхел Ди Марија, ќе го облече дресот на Јувентус, потврдија денеска неговите агенти задолжени за трансфери. Аргентинскиот интернационалец кој неодамна го одработи договорот со ПСЖ, подолг период чекаше понуда од Италија и на крајот тоа и се случи. Според непотврдени извори, неговата плата во Торино ќе биде околу 8 милиони евра годишно.

Read More

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, нема намера да ја прифати понудата на легендарниот Дејвис Бекам  и да замине во неговиот клуб во САД- Интер Мајами.  Шпекулациите велат дека Португалецот иако не е задоволен како се одвиваат настаните на стадионот – „Олд Трафорд, не планира да замине преку „големата бара“. Наводно неговите агенти за трансфери стапиле во контакт со Баерн Минхен и Рома бидејќи челниците на тимот нема да му дозволат трансфер во друга екипа од Англија.

Read More

Мет Тарнер е најновото засилување за фудбалскот состав Арсенал. Еден од најдобрите голмани во МЛС лигата кој стоеше на голот на Њу Ингланд, сега ќе има шанса да ги покаже квалитетите и во Европа. Американецот кој има 28 години потпиша со „топчиите“ за наредните две сезони. Неговото доаѓање веројатно ќе го натера резеврниот, голман Берн Лено, да си побара нова средина.

Read More

Сребрениот олимпиец, Дејан Георгиевски и каратистката Симона Заборска ќе бидат во улога на знаменосци на денешното свеченото отворање на Медитеранските игри. Македонската делегација од 114 членови (77 се спортисти) ќе биде дел од масовниот собир во алжирскиот град Оран. Таму ќе настапат вкупно 3.390 спортисти. Македонија ќе има претставници во ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.

Read More

Фудбалскиот состав на Фулам која се врати во Премиер лигата, сака да го ангажира  капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, кој за една недела ќе биде слободен играч. Лондончани на 27-годишниот дефанзивец ќе му понудат плата од 4 милиони евра. Според информациите, Ромањоли, доколку не ја продолжи соработката со „росонерите“,  сака  да остане во Италија и да направи трансфер во  Лацио.

Read More

Реал Мадрид ќе треба да плати најамлку 150 милиони фунти доколку сака да го ангажира фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс, велат последните информации од таборот на „сините“. Првата понуда од Шпанците испратена деновиве била веднаш одбиена. Бидејќи англискиот тим остана без Антонио Рудигер кој се пресели токму кај „кралевите“ а Андреас Кристенсен исто така си заминува, новите сопственици на „Стемфорд Бриџ“ не сакаат да останат без уште еден одличен дефанзивен фудбалер.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав, Баерн Минхен, се чини попуштаат под притисокот на првата ѕвезда во тимот Робер Левандовски, кој континуирано изјавува дека сака да замине во Барселона. Иако луѓето од Германија првично се обидуваа да го задржат голгетерот за да ја одработи последната сезона од договорот, веројатно полека процениле дека е подобро да го продада сега отколку догодина да си замине без обештетување. Последните информации велат дека Баварците определите трансферна цена за Лавандовски во висина од 50 милиони евра.

Read More

Најдобриот фудбалер на Велс, Герет Бејл, откако го напушти Реал Мадрид нема да остане на европскиот  континент. Последните информации велат дека брзоногиот играч ќе замине преку „големата бара“ во шампионатот на САД. Негов нов клуб ќе биде Лос Анџелес . -Веста е потврдена, Бејл го напушта европскиот фудбал“, напиша новинарот Романо на социјалните мрежи.

Read More