Боксерот, Џејк Пол, официјално ја објави борбата со Томи Фјури. Двајцата ќе имаат меч на 6 август во Медисон Сквер Гарден во Њујорк (САД).
Првично истиот требаше да се одржи на крајот на 2021 година но, тогаш Фјури се повреди. Пол има пет победи од кои четири со нокаут. Фјури има осум победи.
-Официјалната прес-конференција и продажбата на влезниците ќе биде в среда на 29 јуни во 11 часот“, напиша Пол на социјалните мрежи.

