Дејан Георгиевски поради дехидратација и стомачен вирус не настапи во полуфиналната борба на Медитеранските игри во Оран. Нашиот таеквондист со оглед на настанатата ситуација ќе мора да се задоволи со бронзениот медал иако имаше можност да атакува на место во големото финале. Георгиевски го освои третиот медал за Макекдонија на Игрите во Алжир откако борачите два пати се искачија на пиедесталот. Нуров да го добие златото а Егоров бронзата.
Author: dino
Возачот на Ферари, Карлос Саинц, успеа да победи на хаотичната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Велика Британија. Трката на „Силверстон“ започна со инцидент откако по тројниот судар на Расел, Окон и Жу, третиот мораше да биде пренесен во болница. Во меѓувреме лекарите објавија дека состојбата на Жу е добра. Второто место на подиумот го пополни Серхио Перез а третото Луис Хамилтон. Леклер заврши четврти пред Фернандо Алонсо, Норис, Верстапен, Шумахер, Фетел и Магнусен.
Фудбалерот, Тајрел Маласија, денеска треба да пристигне на Островот за да ги реализира задолжителните медицинските прегледи пред да потпише за Манчестер Јунајтед. „Црвените Ѓаволи“ и Феенорд претходно ги договорија сите детали околу трансферот. Фудбалерот ќе остане на стадионот – „Олд Трафорд“ до 2026 година а има и опција и за дополнителни 12 месеци. Дваесеткратниот шампион на Англија за левиот бек ќе плати 15 милиони евра, плус два како бонуси.
Англискиот фудбалски клуб Нотингм Форест потпиша со дефанзивецот, Џулијан Бјанконе. 22-годишниот Французин пристигна од екипата на Троа и потпиша тригодишен договор. „Многу сум среќен што пристигнав во клуб како Нотингем. Знам дека тоа е голем клуб и многу познат низ Европа. Со нетрпение очекувам да започнам да играм во Премиер лигата“, изјави Бјанконе за клупската веб-страница. Нотингем Форест претходно ги обезбеди голманот, Дин Хендерсон и нигерискиот напаѓач, Таиво Авони.
Андриј Лунин кој му е резерва на голманот, Тибо Куртоа во Реал Мадрид, нема намера да го напушти клубот иако неговиот татко го советува да го направи спротивното. Украинецот иако ја грее клупата, одлучи да продолжи да го носи дресот на „кралевите“ со надеж дека еден ден ќе биде прв голман на Бернабе. 23-годишниот чувар на мрежата беше купен во 2018 година од Зорја (Луганск) за 8,5 милиони евра.
Денеска беа формирани групите за новата сезона во ракометната Лига на шампиони во која нашава земја нема има претставник откако Вардар беше елиминиран на „зелената“ маса од страна на ЕХФ. Во групата „А“ влегоа: Магдебург, ПСЖ, ГОГ Гудме, Веспрем, Динамо Букурешт, Висла Плоцк, Загреб и Порто за кој ќе брани нашиот, Никола Митревски. Во групата Б ќе играат: ПИК Сегед, Барселона, Целје, Кјелце, Кил, Нант, Алборг и Елверум. Сезона ќе започне на 14 и 15 септември а ќе заврши со Ф4 турнирот во Келн на 17 и 18 јуни во 2023 година.
Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, потпиша рекорден договор во НБА лигата во висина од 264 милиони долари за наредните пет сезони. Истиот ќе стартува од сезоната 2023/24. Српскиот центар кој две години по ред беше прогласен за МВП, првата година ќе добие 46.55 милиони долари а потоа секоја наредна ќе има покачување за 8 проценти. Центарот кој висок 211 см, во случај на „трејд“ може да инкасира и дополнителни приходи во согласност со процентите кои се пресметуваат.
Калвин Филипс утре треба да потпише за екипата на Манчестер Сити откако „граѓаните“ се согласија да му платат на Лидс 50-ет милиони фунти за неговиот ангажман. Одличниот фудбалер иако имаше понуда од Јунајтед, сепак се определид а замине во „синиот“ дел на Манчестер. Играчот кој настапува во средината на теренот е стандарден репрезентативец на „Гордиот Албион“ . Тој во изминатата сезона одигра 20 средби во Премиер-лигата, но, не успеа да се запише во листата на стрелците.
Бразилскиот фудбалски напаѓач, Габриел Жесус, откако успешно ги помина лекарските прегледи во Лондон, се појави во дресот на Арсенал на стадионот – „Емирати“. На видеото постирано на социјалните мрежи се гледа дека брзоногиот играч го носи дресот со бројот 9. Тоа е бројката што досега ја користеше Французинот, Лаказет кој во текот на летотово ги напушти „топчиите“.
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на митингот од Дијамантската лига што се одржа во Стокхолм. Тој прескокна 6,15 метри и за еден сантиметар го подобри претходниот светски рекорд што го постави во Рим 2020 година. Атлетичарот од Скандинавија е главен фаворит за златниот медал на Светското првенство на отворено кое ќе се одржи од 15 до 24 јули САД.
