Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на митингот од Дијамантската лига што се одржа во Стокхолм.
Тој прескокна 6,15 метри и за еден сантиметар го подобри претходниот светски рекорд што го постави во Рим 2020 година.
Атлетичарот од Скандинавија е главен фаворит за златниот медал на Светското првенство на отворено кое ќе се одржи од 15 до 24 јули САД.