Author: dino

Фудбалскиот клуб, Шахтјор Доњецк, бара од ФИФА отштета од 50 милиони евра поради неуспешните трансфери. Документите се доставени до Судот за спортска арбитража (CAS), кој ќе ја донесе конечната одлука. Минатиот месец ФИФА одлучи да ги суспендира договорите на фудбалерите од руските и украинските клубови за период од една година. Клубот има 14 странци и тврди дека е во голема загуба поради незавршените трансфери. Вкупната сума е точно 50 милиони.

Read More

Ракометарите на Вардар и на Еурофарм Пелистер ќе се разминат во полу-финалето на СЕХА лигата доколку обезбедат место на завршниот Ф4 турнир кој ќе биде одигран во Задар. „Црвено-црните“  во последниот елиминациски филтер на 23 август ќе бидат домаќини на хрватскиот состав Нексе додека битолчани на 25 август ќе се соочат со Мешков Брест во салата – „Боро Чурлевски“. Двојки за полу-финалето: Татран Прешов – Веспрем/Еурофарм Пелистер – Мешков Брест и Вардар – Нексе Нашице/Војводина – Загреб

Read More

Денеска продолжува ЕХФ шампионат за младинци, кој се одржува во градот Варна, во соседна Бугарија. Нашите млади ракометари по вчерашниот меч со Украина кој заврши без победник, денеска ќе имаат нов предизвик во селекцијата на Косово. Натпреварот започнува од 18:00 часот.

Read More

Американецот, Фред Керли, е нов светски шампион на 100 метри. Тој на атлетскиот собир во Јуџин, САД, патеката од 100 метри ја истрча за 9,86 секунди. Доминацијата на Американците ја потврди и Марвин Брејси и Трејвон Бромел. Легендарната американска атлетичарка Алисон Феликс го освои 19 медал на светските првенства. Таа беше дел од мешаната штафета на САД на 4х400 метри која во финалето го освои бронзениот медал. Феликс веднаш потоа изјави дека става точка на богатата кариера. Златото го освои Доминиканската Република а среброто штафетата на Холандија.

Read More

Откако Енголо Канте и Рубен Лофтус-Чик мораа да ги пропуштат подготовките во САД бидејќи не се вакцинирани против Ковид-19, тренерот на фудбалер Челзи, Томас Тухел, изјави дека во иднина ќе размисли дали ќе има во тимот играчи кои не се вакцинирани. „Ако не сте вакцинирани се соочувате со многу пречки. Мислам дека такви проблеми не ни требаат“ – вели Германецот.  „Енголо и Рубен тренираат одвоено од тимот и не можеме да ги присилиме да се вакцинираат. Но, ќе им биде тешко во почетокот на сезоната“ – потенцира тренерот на „сините“.

Read More

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, ги негира сите шпекулации дека може да го ангжира Кристијано Роналдо. Германскиот фудбалски шампион од вчера остана без Роберт Левандовски кој се пресели во редовите на Барселона а медиумите веднаш излегоа со најава дека неговото место на „Алијанц“ може да го пополни Португалецот кој е дел од Манчестер Јунајтед. „Потврдувам дека Баерн Минхен не планира да го донесе Роналдо. Нема причина да разговараме на таа тема“ – вели Салихамиџиќ.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, може да го напушти составот на Наполи само доколку пристигне понуда вредна 40 милиони евра. Медиумите на „Чизмата“ тврдат дека првиот човек на Наполитанците бара фиксна сума за потписот на луцидниот играч иако пред неколку денови шампионот Милан испратил понуда од 35 милиони. Елмас кој има тековен договор до  јуни во 2025 година, во претходната сезона одигра 45 мечеви во сите конкуренции со ефект од седум голови и пет асистенции.

Read More

Министерството за внатрешни работи побарало средбата од второто квалификациско коло од Конференциската лига меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија да не се игра во Скопје. МВР испратило предлог до ФФМ мечот в четврток на 21 јули да се игра во Струмица поради познатата ситуација со протестите во престолнината. За целиот случај е запознаена и УЕФА која треба да даде зелено светло за промената на локацијата.

Read More

Фудбалскиот состав на Барселона официјално објави Роберт Левандовски е најновото засилување за каталонскиот клуб. Напаѓачот кој го напушти Баерн Минхен ќе мора да ги помине задолжителните лекарски прегледи пред да го потпише договорот. Претпоставка е дека вкупниот трансфер ќе биде  45+5 милиони евра како бонуси. Голгетерот треба да потпише договор за три сезони со можност соработката да биде продолжена за уште една.

Read More

Денеска во Охрид започна Државното првенсто во пливање во организација на Национална пливачка федерација на Северна Македонија и ПК Акваспирит- Охрид. На свеченото отворање присутните ги поздравија претседателот на Националната пливачка федерација г-н Горан Стојановски и градоначалникот на Охрид, г-н Кирил Пецаков. Летното државно првенство се реализира на отворениот базен- Биљанини извори –Охрид со учество на 17 пливачки клубови од Република Северна Македонија. 300 пливачи ќе се натпреваруваат во 22 дисциплини, во пет категории машки и женски.

Read More