Американецот, Фред Керли, е нов светски шампион на 100 метри. Тој на атлетскиот собир во Јуџин, САД, патеката од 100 метри ја истрча за 9,86 секунди.
Доминацијата на Американците ја потврди и Марвин Брејси и Трејвон Бромел. Легендарната американска атлетичарка Алисон Феликс го освои 19 медал на светските првенства. Таа беше дел од мешаната штафета на САД на 4х400 метри која во финалето го освои бронзениот медал.
Феликс веднаш потоа изјави дека става точка на богатата кариера. Златото го освои Доминиканската Република а среброто штафетата на Холандија.

