Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, изјави дека нема гаранции дека ќе се натпреварува за екипата на Алпин и во 2023 година.
„ Ќе се договориме додека трае паузата во август. Ќе мора да видам кои се амбициите на тимот “- вели Алонсо.
„Мислам дека нема да ни биде лесно да се доближиме до врвот. Ние имаме долгорочен проект. За нас е значајно да го започнеме болидот за наредната сезона“ – потенцираше Шпанецот кој има тековен договор до крајот на сезонава.