Светскиот боксерски шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, најави дека ќе се врати во рингот против Ентони Џошуа.
Британецот во јуни изјави дека завршил со боксот, но потоа се предомисли и рече дека веднаш ќе потпише договор за борба со Ентони доколку се прифатат неговите услови.
– мечот треба да се гледа без пари, напиша Фјури во објавата на Инстаграм. Џошуа ги загуби титулите ВБА, ИБФ и ИБО по поразот од Украинецот Олександр Усик во Лондон во септември.
