Author: dino

Богатите сопственици на Њукасл, остануваат максимално активни на трансфер пазарот во обид да направат конкурентен состав за висок пласман во новата сезона во Премиер- лигата. Англиските медиуми денеска објавија дека нова трансферна цел на Њукасл е Харви Барнс од екипата на Лестер. 24-годишниот фудбалер беше вистински лидер на популарните „лисици“ и еден од најдбрите на теренот. Се претпоставува дека Лестер ќе се раздели со Барн под услов да добие најмалку 50 милиони фунти.

Read More

Тренерот  на Волфсбург, Нико Ковач, вели дека треба да се намали  бројот на фудбалери во неговиот тим и тоа пред крајот на преодниот рок на 1 септември. Популарните „волци“ новата сезона ја започнуваат во наредниот викенд со мечот против Јена во рамките на првиот круг од Купот на Германија. „Имаме голем тим, навистина голем. Морам да го намалам“ –  изјави Ковач кој му се приклучи на Волфсбург кон крајот на месец мај.

Read More

Возачот во Формула 1, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Франција. Членот на Ред Бул ја искористи грешката на Шарл Леклер и успеа прв да помине низ целта.   Британецот од Мерцедес, Луис Хамилтон, обезбеди второ време додека неговиот клупски колега, Џорџ Расел, заврши на третото место. По 11-ет сезонски трки, води Макс Верстапен – 233 поени пред Шарл Леклер – 170 и Серхио Перез – 163. Кај конструкторите прв е  Ред Бул – 396 бодови пред  Ферари – 314 и Мерцедес – 270.

Read More

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, обезбеди финале на турнирот во Оломуц (Чешка). Таа денеска ја победи Русинката, Дарја Астахова со 2-1 во сетови: 6-2, 3-6, 6-3. Ѓорческа утре во битката за пехарот ќе игра против домашната претставничка  Сара Бејлек која е 181-во рангирана на ВТА. Бејлек во текот на денов во два сета ја совлада Сада Нахимана од Бурунди.

Read More

Фудбалерот на Сасуоло, Џанлука Скамара, има реални шанси да се пресели во редовите на Вест Хем и за прв пат во кариерата да заигра во Премиер-лигата, најавија медиумите во Италија. Според нив,Сасуоло добил понуда од 36 милиони евра плус шест во бонуси а италијанскиот клуб ќе добие и дополнително 10% од наредниот трансфер на Италијанецот. Ќе потсетиме дека за напаѓачот беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но, не испрати понуда.

Read More

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, кој принудно се повче од терените на Вимблдон, изјави дека максимално ќе се подготвува за последниот сезонски Грен Слем кој ќе се реализира во САД. „Одредени тенисери имаат талент за силно удирање на топката, други не пропуштат ниту една топка а одредени се најдобри на мрежата“ – вели Надал. Тенисерот од Пиринеите има 22 пехара од големите турнири или еден повеќе од Србинот, Новак Ѓоковиќ.

Read More

Луис Хамилтон пред утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Франција, го посочи најголемиот ривал во неговата кариера. Британецот вели дека тоа е Шпанецот, Фернандо Алонсо. „ Алосно е мојот најголем противник. Имавме многу добри борби. Би сакал да беа уште повеќе. Се надевам дека ќе продолжи да се трка и во иднина“ – изјави Хамилтон. Поранешниот светски шампион во тековнава сезона вози далеку под очекувањата и по 11 трки го зазема шестото место во поредокот кај возачите.

Read More

Барселона иако се соочува со финансиски проблеми изненадувачки останува крајно активна на трансфер пазарот. Каталонскиот гигант испратил понуда од 65 милиони евра за фудбалерот на Севилја, Жул Кунде. Францускиот интернационалец иако се поврзуваше со Челзи, веројатно ќе се пресели на „Камп Ноу“, објавија денеска шпанските медиуми.

Read More

Атлетичарката од Соединетите Американски Држави, Сидни Меклафлин, успеа да го собори сопствениот светски рекорд на патеката 400 метри со пречки и супериорно да го освои златниот медал на Мундијалот во Oрегон. Второто место и среброто го обезбеди Холанѓанката, Фемке Бол додека бранителката на титулата, Далила Мухамед, заврши на третата позиција. Меклафлин со резултатот од 50,68 секунди стана првата жена што патеката ја поминала за помалку од 51 секунда.

Read More

Фудбалскиот состав Рома одлично профитира од продажбата на дресови на новото име Паоло Дибала кој летово го напушти Јуве и се пресели кај „волчицата“. Медиумите објавија дека Аргентинецот го соборил рекордот по број на продадени дресови во еден ден што го држеше Кристијано Роналдо од 2018 година. Фановите што го сакаат обичниот дрес треба да платат 110 евра додека специјалната верзија на дресот на Дибала чини 130 евра.

Read More