Луис Хамилтон пред утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Франција, го посочи најголемиот ривал во неговата кариера. Британецот вели дека тоа е Шпанецот, Фернандо Алонсо.
„ Алосно е мојот најголем противник. Имавме многу добри борби. Би сакал да беа уште повеќе. Се надевам дека ќе продолжи да се трка и во иднина“ – изјави Хамилтон.
Поранешниот светски шампион во тековнава сезона вози далеку под очекувањата и по 11 трки го зазема шестото место во поредокот кај возачите.

