Возачот во Формула 1, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Франција. Членот на Ред Бул ја искористи грешката на Шарл Леклер и успеа прв да помине низ целта.
Британецот од Мерцедес, Луис Хамилтон, обезбеди второ време додека неговиот клупски колега, Џорџ Расел, заврши на третото место.
По 11-ет сезонски трки, води Макс Верстапен – 233 поени пред Шарл Леклер – 170 и Серхио Перез – 163. Кај конструкторите прв е Ред Бул – 396 бодови пред Ферари – 314 и Мерцедес – 270.

