Author: dino

Тренерот на кошаркарската селекција на Турција, Ерџин Атаман, го скрати списокот за три имиња и ќе продолжи да работи со 16 репрезентативци. Тоа се Берк Југурлу, Егехан Арна и Картал Озмирак. Турците на Евробаскетот кој започнува во септември се во групата „А“ заедно со Бугарија, Шпанија, Белгија, Грузија и Црна Гора. Избраниците на Атаман кон крајот на месецов ги очекуваат мечевите со Летонија и Србија во втората фаза од квалификациите за Мундијалот.

Read More

Хураја Хол објави дека ја завршува кариерата во ММА. 38-годишната американска ѕвезда одлуката ја објави на социјалните мрежи. Тој е финалист на Ултимејт фајтер и има победи против дел од најдобрите борци во средна категорија. „Со голема тага ќе се повлечам од најголемиот спорт на светот“ – напиша Хол.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сподели размислувањата за победата од 2-0 против Ајнтрахт (Франкфурт) во Супер-купот на Европа. „Натпреварот не беше лесен. Нашиот противник одигра добро но, откако поведовме целосно ја контролиравме играта“ – вели тренерот на „кралевите“ кои по 5 пат го освија трофејот на УЕФА. „Добрата атмосфера е значајна за позитивни резултати а победите не мотивираат“ – потенцира италијанскиот стратег на клупата на Реал Мадрид.

Read More

Бразил не сака да го одигра прекинатиот меч од квалификациите за Светското првенство со Аргентина бидејќи не сака да ризикува пред Мундијалот во Катар. Конечната одлука треба ја донесе Судот за спортска арбитража кон крајот на август.Бразил и Аргентина се квалификуваа на шампионатот иако мечот во изминатиот септември во Сао Паоло беше ненадејно прекинат од бразилските здравствени власти. Тие влегоа на теренот и приведоа четворица аргентински играчи кои не ги почитувале задолжителните правила за карантин.

Read More

Фудбалерот, Алексеј Миранчук,  денеска треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише за екипата на Торино. Русинот на негово инсистирање ја напушти Аталанта за да може да добие поголема минутажа во нов тим. Офанзивниот играч за врска беше купен од Локомотив (Москва) во 2020 година. Тој одигра 56 натпревари и постигна 9 голови за екипата од Бергамо, но, немаше загарантирано место во првите единаесет.  

Read More

Ѕвездата на Сасуоло, Доменико Берарди, ќе добие значително покачување на платата и ќе остане во клубот до 2027 година, објавија медиумите во Италија.   Фудбалерот во изминатата сезона забележа 33 натпревари и постигна 15 голови во Серија А. Според специјализираниот сајт „Transfermarkt“ неговата цена е околу 35 милиони евра. За потписот на Берарди беше заинтересиран тимот на Јувентус.

Read More

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, ќе се бори со Финецот, Роберт Хелениус на 15 октомври во Њујорк, САД. Тој нема меч од октомври, кога во третата борба против Тајсон Фјури загуби со нокаут во 11. рунда. „Бронзениот бомбардер“ има има 42 победи од кои 41со нокаут. Неговиот противник, Хелениус, има 31 победа и три поразa.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера го совладаа Ајнтрахт Франкфурт со 2-0 на Олимпискиот стадион во Хелсинки и го освоија Супер Купот на УЕФА. Веднаш по мечот првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, беше категоричен во изјавата дека нема намера да купува нови играчи до крајот на летниот трансфер период. „Со составот кој го имаме, не ни се потребни уште засилувања“ – беа зборовите на првиот човек на Реал Мадрид.

Read More

ФИА претходно потврди дека новите правила за погон за сезоната 2026 во Формула 1 се одобрени и дека отидоа на гласање до Светскиот совет за моторни спортови. Истото важи и за правилата кои би требало да го ограничат скокањето на болидите во наредната сезона. Ауди и Порше, кои се нови членови во Ф1,  ги чекаа токму новите правила за 2026 година за да можат да направат планови како ќе се одвива програмата.

Read More

Фудбалерот на Лестер, Хамза Чодри ќе игра како позајмен во Ватфорд до крајот на сезоната. Во договорот има опција да биде целосно откупен неговиот договoр во наредното лето доколку луѓето од Ватфорд бидат задоволни од неговите игри. 24-годишниот Англичанец кој има преку 80 настапи за „лисиците“, потекнува токму од нивната Академија. За првиот тим дебитираше во 2017 година. Минатата кампања, Чодри одигра 12 натпревари.

Read More