Тренерот на кошаркарската селекција на Турција, Ерџин Атаман, го скрати списокот за три имиња и ќе продолжи да работи со 16 репрезентативци. Тоа се Берк Југурлу, Егехан Арна и Картал Озмирак.
Турците на Евробаскетот кој започнува во септември се во групата „А“ заедно со Бугарија, Шпанија, Белгија, Грузија и Црна Гора.
Избраниците на Атаман кон крајот на месецов ги очекуваат мечевите со Летонија и Србија во втората фаза од квалификациите за Мундијалот.