Светската шампионка и рекордерка на 400 метри со пречки, Сидни Меклафлин, имаше уште една импресивна трка.
Американката која е олимписки шампион од Токио, победи на трката на меморијалот – Иштван Гулај во Секешфехервар со време од 51,68 секунди. Тоа е најдобриот резултат во женска конкуренција досега на патека во Европа.
„Имав мала пауза по Светското првенство. Знам дека денеска имав добра трка и среќна сум со резултатот“ – вели Меклафлин по нејзината победа.