Ракометарите на Еурофарм Пелистер со бронзен медал го финишираа дебитантското учество на завршниот фајнал-фор турнир во регионалната СЕХА лига. Тие денеска во „мало финале“во Задар, го совладаа хрватскиот состав Нексе 27 спрема 23. Мечот беше решен кон средината на вториот дел кога битолчани направија разлика од 24-19. Кај Еурофарм Пелистер, Хосни со 6 голови беше најефикасен додека еден помалку постигна капитенот Радовиќ. Пивотот, Пешевски, го заврши мечот со четири голови. Треба да се потенцира и одличната партија на голманот Лесјак кој застана на 12 успешни интервенции.
Author: dino
Денеска во спортската сала „Крешимир Ќосиќ“ во Задар ќе стартува завршниот Ф4 турнир на 11-то издание на ракометната СЕХА лига. Македонскиот состав Еурофарм Пелистер од 20.30 часот ќе излезе на мегдан со унгарскиот Веспрем. Првото полу-финале од 18.00 часот ќе го одиграат Нексе и ППД Загреб. Победниците од денешните средби ќе се сретнат во финалето в недела (19 ч.) а поразените за третото место (16.30 ч.). Бранител на тронот е Веспрем. Досега во СЕХА настапиле вкупно 29 клубови од 13 држави. Најмногу пехари има Вардар- (2012/2014/2017/2018/2019), Веспрем победил четири пати а Загреб еднаш.
Екипата на Челзи постави апсолутен рекорд во историјата на Премиер лигата кога станува збор за реализирани трансфери. Лондончани сигурно ја поминаа границата од 250 милиони фунти а Лондон Ивнинг Стандард проценува дека вкупниот износ е 273,5 кога ќе се додадат и бонусите. Сепак, новиот сопственик на „сините“, Тод Боли, не успеа да го собори рекордот на Реал Мадрид од летото 2019 година кога кралскиот клуб потроши околу 292 милиони фунти.
Возачот на Ферари, Карлос Саинц, верува дека неговиот тим може да се носи со ривалите во трката за титулата иако досегашните резултати го ставаат во втор план. „Мислам дека не сме толку лоши како што изгледа од страна. Можеме повторно да бидеме силни и да се бориме за првото место во квалификациите и победата на трката.“ – вели возачот на Ферари. „Ред Бул малку ја подигна границата но, не верувам дека нивните перформанси се подобрија во само три трки“ – вели Саинц пред собирот во Холандија.
Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, е против идејата на Главниот извршен директор, Стефано Доменикали, да зголеми бројот на „спринтовите“ во наредниот период. „Едноставно не сакам спринт бидејќи ништо не менува. Емоцијата од натпреварувањето мора да се даде на нешто посебно“ – вели Холанѓанецот. „Сите започнуваат со исти гуми и сите сакаат да прават спринтови без проблеми. Мислам дека тоа е целта на брзите трки“ – нагласи Верстапен.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, отворено проговори за Кристијано Роналдо кој не успеа да пронајде нов тим и затоа мора да остане на стадионот – „Олд Трафорд“. „Како што кажав, Роналдо остана. Имаме повеќе од 11 стартери. Играчите кои се на клупата, можат да бидат стартери за една, две или три седмици“ – изјави холанѓанецот. Неговиот тим влезе во победничка серија откако доцна синоќа славеше на теренот на Лестер со минимални 1-0.
Артур Мело е ново име во екипата на Ливерпул откако доцна синоќа беше потврден неговиот трансфер од Јувентус. Двата тима експресно се договорија бидејќи Бразилецот не влегува во плановите на тренерот Алегри. Играчот од средниот ред првично ќе настапува како позајмен а Ливерпул има право да го откупи неговиот договор за 37.5 милиони евр. Со доаѓањето на Бразилецот на „Енфилд“, само се зголеми бројката на фудбалери од Јужна Америка.
Кошаркарот, Донован Мичел, ја напушти екипата на Јута и се пресели во редовите на Кливленд. „Џезерите“ за тој трансфер ќе добијат дури три играчи на „кавалирс“ и правото да одберат три пика од првата рунда на драфтот. Бекот во НБА лигата пристигна во 2017 година и стана една од најголемите ѕвезди на Јута. 25-годишниот играч има просек од 24 поени по натпревар.
Новинарот на „Марка“, Марти Мирас, тврди дека легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело, во тековнава сезона ќе игра за Лестер. Бразилецот откако го одработи договорот со шпанскиот состав, сега ќе се проба во Премиер-лигата. Според објавеното, левиот бек откако ќе ги помине лкераските прегледи, ќе потпише едногодишен договор со „лисиците“.
Претседателот на Пари Сент Жермен, Насер Ал Калаифи лично преговара со луѓето од Интер за да го обезбеди потписот на фудбалерот, Милан Шкрињар. Французите испратија понуда од 70 милиони евра која беше веднаш одбиена од „нероаѕурите“. Сепак, според одредени наводи, пречка за трансферот не се парите, туку, неможноста на италијанскиот тим да обезбеди соодветна замена за словачкиот дефанзивец.
