Денеска во спортската сала „Крешимир Ќосиќ“ во Задар ќе стартува завршниот Ф4 турнир на 11-то издание на ракометната СЕХА лига.
Македонскиот состав Еурофарм Пелистер од 20.30 часот ќе излезе на мегдан со унгарскиот Веспрем. Првото полу-финале од 18.00 часот ќе го одиграат Нексе и ППД Загреб. Победниците од денешните средби ќе се сретнат во финалето в недела (19 ч.) а поразените за третото место (16.30 ч.). Бранител на тронот е Веспрем.
Досега во СЕХА настапиле вкупно 29 клубови од 13 држави. Најмногу пехари има Вардар- (2012/2014/2017/2018/2019), Веспрем победил четири пати а Загреб еднаш.