Возачот на Ферари, Карлос Саинц, верува дека неговиот тим може да се носи со ривалите во трката за титулата иако досегашните резултати го ставаат во втор план.
„Мислам дека не сме толку лоши како што изгледа од страна. Можеме повторно да бидеме силни и да се бориме за првото место во квалификациите и победата на трката.“ – вели возачот на Ферари.
„Ред Бул малку ја подигна границата но, не верувам дека нивните перформанси се подобрија во само три трки“ – вели Саинц пред собирот во Холандија.