Author: dino

Шарл Леклер по вторпат во кариерата ја освои пол позицијата во сезоната во Формула 1 на домашното Гран При на Италија.Втор во квалификациите заврши светскиот шампион Макс Верстапен, кој е еден од вкупно деветте казнети возачи. Карлос Саинц од Ферари заврши на третото место  но, ќе биде испратен до дното на колоната и ќе стартува 18-ти. Казнет е и четвртиот од денешните квалификациски Серхио Перез. Тоа значи дека утре од 15.00 часот Шарл Леклер ќе стартува од пол позицијата. До него ќе бидат Џорџ Расел и Ландо Норис. Зад нив на стартот ќе се наредат:Даниел Рикиардо, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо…

Read More

Од утре до 18 септември во Србија во „Штарк Арената“ ќе се одржи Светското првенство во борење на кое ќе настапи и Македонија. Во нашата селекција се: Владимир Егоров ( 57 кг), Бесир Алили (61 кг), Фати Вејсели во категоријата до 70 кг, Дејан Митров (-79 кг) и Нуров (-97 кг). Наши главни адути за медал се европскиот шампион Егоров заедно со Нуров. На Светското првенство во Белград треба да настапат повеќе од 2.500 борачи од 75 земји.

Read More

Саудиска Арабија, Египет и Грција, ќе поднесат заедничка кандидатира за да бидат домаќини на фудбалскиот Мундијал во 2030 година, пренесува денеска весникот – „Тајмс“. Доколку нивната понуда биде прифатена, за прв пат Светско првенство би се играло во три земји на исто толку континети и тоа не во лето туку во зимскиот период како што годинива ќе се игра во Катар. Покрај споменатите земји, понуди за организација за СП 2030 заеднички доставиле Португалија и Шпанија, како и четири јужноамерикански земји, Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле.

Read More

Германскиот голман, Лорис Кариус, кој го напушти Ливерпул, веројатно ќе потпише за екипата на Њукасл. Тој треба да биде замена за Дубравка кој во текот на летото се пресели кај Манчестер Јунајтед.  Кариус кој играше со потрес на мозокот во финалето на ЛШ против Реал Мадрид, редовно беше испраќан на позајмици. Прво во турскиот Бешикташ а потоа во Унион Берлин (Германија). Во двата клуба остана по две сезони  се додека на му истече договорот во текот на летото. Бидејќи Кариус е слободен играч, Њукасл може да го искористи правилото да го ангажира иако во Англија е завршен преодниот рок.

Read More

Преселбата на Грем Потер од Брајтон во Челзи, ќе биде рекорден трансфер гледано кај фудбалските тренери. „Сините„ за неговиот ангажман ќе платат 20 милиони фунти и дополнителни  два за членовите на неговиот стручен штаб. Портер за договорот кој го потпиша за пет години ќе добие 60 милиони.   Досега  најголемата сума која беше платена за тренер е 17,4 милиони фунти. Ја издвои Баерн Минхен за Јулијан Нагелсман кој дојде од РБ Лајпциг.

Read More

Фудбалскиот состав Челзи го отпушти тренерот, Томас Тухел, се вели во соопштението на клубот. Лондончани изразија благодарност за работата на Германецот и му дадоа место во историјата откако го освои вториот трофеј во Лигата на шампионите во 2021 година. „Сините“ од потрошија 281 милион евра на летните засилувања но, имаа разочарувачки старт како во Премиер лигата така и во Лигата на шампионите. Доцна синоќа тие загубија кај Динамо (Загреб), што на крајот се покажа фатално за германскиот тренер.

Read More

Фудбалерот на Јувентус, Данило, по вчерашниот минимален пораз на теренот на ПСЖ (2:1), нагласи, дека не биле реални проценките дека францускиот тим ќе има лесна задача против „старата дама“. „Не гледам причини зошто требаше да биде лесен меч за ПСЖ. Денеска освен во воведните 20 минути, докажавме дека имаме карактер и квалитет. На наредниот меч треба да бидеме максимално фокусирани од првата минута. Не смееме да покажеме слабост“ – беа зборовите на Данило кој го одигра целиот натпревар на „Паркот на принцовите“. Италијанскиот тим во второто коло ќе биде домаќин на Бенфика која вчера славеше против изралескиот состав Макаби Хаифа…

Read More

Првиот голгетер на Реал Мадрид, Карим Бензема, вчера поради повреда на коленото, мораше принудно да го напушти мечот со Селтик во Лигата на шампионите.  Веднаш по победата во Шкотска, тренерот на „белите“, Карло Анчелоти, ги изнесе првите информации околу повредата на Французинот.   Повредата на Бензема не изгледа страшна и премногу тешка но, ќе мора да почекаме до лекарските прегледи. Се уште не е познато дали се работи за нешто мускулно, или околу коленото, не е баш јасно“ – изјави тренерот на шпанскиот состав кој триумфираше со 3-0 на „Селтик Парк“.

Read More

Норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд, вчера ги постигна првите два гола во Лигата на фудбалските шампиони во дресот на Манчестер Сити. „Граѓаните“ заслужено славеа на теренот на Севилја со 4:0 а корпулентниот напаѓач успеа во два наврата да го совлада домашниот голман.Токму со тој ефект, Халанд стана четвртиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал најмалку еден гол во дебитантскиот настап за три различни клуба – Салцбург, Борусија Дортмунд и Манчестер Сити. Тоа пред него го имаат направено Фернандо Мориентес, Хавиер Савиола и Златан Ибахимовиќ.

Read More

Белгискиот фудбалски интернационалец, Еден Азар, кој влезе на местото на повредениот Карим Бензема на вчерашниот меч со Селтик во Лигата на шампионите, беше еден од најдобрите во дресот на Реал Мадрид. Тој постигна еден гол и направи асистенција со што покажа дека полека се враќа во посакуваната форма. Токму за неговата партија прашање доби Тони Крос  кој беше задолжен за изјава пред новинарите. „Азар? Никогаш не биле доведени во прашање неговите квалитети, туку физичката кондиција, повредите. Денеска влезе и одигра добро, да се надеваме дека ќе продолжи така“, изјави Крос

Read More