Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, е против идејата на Главниот извршен директор, Стефано Доменикали, да зголеми бројот на „спринтовите“ во наредниот период.
„Едноставно не сакам спринт бидејќи ништо не менува. Емоцијата од натпреварувањето мора да се даде на нешто посебно“ – вели Холанѓанецот.
„Сите започнуваат со исти гуми и сите сакаат да прават спринтови без проблеми. Мислам дека тоа е целта на брзите трки“ – нагласи Верстапен.