Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон, се извини за неговата реакција кон луѓето од Мерцедес на вчерашната трка за Големата награда на Холандија.
Британскиот возач во Ф1 беше крајно изнервиран по одлуката на неговиот тим да го остави со несоодветни гуми со што на некој начин му помогна на Верстапен да ја добие битката.
„За секунда бев на работ да се распаднам поради силните емоции, му се извинувам на тимот, бидејќи не се ни сеќавам што кажав на радио, само изгубив контрола– објасни Хамилтон.