Борбата меѓу Британците, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, во тешка категорија ќе се одржи на 3 декември.
Менаџерската агенција објави дека двајцата боксери времено престанале да разговараат по смртта на кралицата Елизабета Втора, но, меч сепак ќе има. Деталите не се познати иако во текот на изминатата седмица шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Фјури, рече дека нуди 40 отсто од заработката на предизвикувачот за титулата Џошуа.
Еди Херн, промоторот на Џошуа, претходно најави дека ќе прифати само сериозна понуда од непоразениот Фјури кој ќе се откаже од плановите за пензионирање.