Author: dino

Иван Кружлиак од Словачка ќе го суди утрешниот меч во Лигата на нации меѓу Грузија и Македонија кој ќе се одигра на стадионот во Тбилиси. Истиот решава и за првото место во групата. Кружлиак им судеше на нашите млади фудбалери на мечот со Португалија на  Европското првенство до 21 година кое се одржа во 2017-та. Помошници ќе му бидат неговите сонародници Бранислав Ханцко и Јан Позор а четврти судија ќе биде Петер Кралович. Италијанецот, Паоло Валери е ВАР судија а неговиот сонародник Марко Бресмес ќе му биде е помошник.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, предупреди дека Ливерпул има квалитет да се врати на победничките патеки. Шампионите во моментов имаат речиси двојно повеќе бодови од „црвените“ пред се поради лошата форма на избраниците на Јирген Клоп. Во последниве неколку години главно двата тима ја водат битката за пехарот во Премиер лигата. „Ливерпул не е во криза, само е помалку ефикасен. Сепак, англискиот шампионат е таков што не ви дава шанса да се опуштите. Ако го направите тоа, веднаш започнувате да губите бодови“ – искоментира Родри.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја има довербата на челниците на клубот иако во почетокот на сезоната неговите пулени не ги прикажуваат посакуваните партии. „Јорганџиите“ по шест кола се наоѓаат на седмата позиција во најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија. Весникот – „АС“, напиша, дека прашањето за евентуална разделба со Симеоне воопшто не е на дневен ред.

Read More

Нашата фудбалска икона, Горан Пандев, во интервјуто за – „Газета дело Спорт“, потврди, дека на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата. „По цели дваесет години, време е за крај. Мојот најстар син има речиси 13 години, во минатото го гледав само за време на паузите од една до друга сезона. Сега сакам да му се посветам на семејството“ – вели Пандев. „Во иднина повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам со нив и да ги гледам нивните натпревари“ – беа дел од зборовите на Пандев.

Read More

Поранешниот фудбалер на Барселона, Роналдињо , вели дека Каталонците го имаат потребниот квалитет за да се вратат на врвот во шпанскиот и европскиот фудбал. „Барса има одличен тренер и фантастични нови играчи. Младите се на многу високо ниво“ изјави Роналдињо за Мундо Депортиво. Бразилецот доби прашање дали Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. „Тешко е да се каже бидејќи има многу одлични играчи. Не сакам споредби. Светот виде фудбалери како Марадона, Пеле и многу други“ – потенцираше Бразилецот.

Read More

Фудбалерот, Жорџино Вајналдум, кој заработи повреда на тренинг пред стартот на сезоната дури сега им се обрати на фановите на Рома. 31-годишниот играч од средниот ред кој беше ангажиран како големо засилување за „римската волчица“, одигра само еден меч пред да замине на долга рехабилитација. „Не одговорив на никого по мојата повреда бидејќи бев многу вознемирен и тажен. Сега сум подобар, сакам да им се заблагодарам за поддршката на сите навивачи на Рома“ – напиша Вајналдум.

Read More

Англиските фудбалски состави Челзи и Манчестер Јунајтед беа упорни во намерите да го ангажираат Френки де Јонг но, искусниот играч на Барса не сакал да ја промени средината. „Јас во мај одлучив дека сакам да останам во Барселона. Никогаш не ја променив таа одлука во текот на летото“ – нагласи Холанѓанецот. „Секогаш сакав да останам во Барселона. Јас и клубот имаме понекогаш спротивставени идеји но, се добро се заврши„ – беа зборовите на Де Јонг.

Read More

Фудбалерот на Интер, Милан Шкриниар, на крајот на сезоната ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот со италијанскиот тим. Тоа сака да го искористи Реал Мадрид и да му понуди 10 милиони евра по сезона на словачкиот дефанзивец доколку дојде на „Сантијаго Бернабе“. Во исто време и францускиот состав ПСЖ, покажува дека е заинтересиран за одличниот фудбалер.

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија замина за Тбилиси.Таму в петок ќе и гостува на репрезентацијата на Грузија во натпревар од 5. коло во  Лигата на нации. Селекторот на Македонија, Боби Милевски се соочува со голем број проблеми пред мечот против грузијците и завршниот со Бугарија в понеделник во Скопје. Последен од списокот отпадна, Аријан Адеми. Претходно поради повреда откажаа Чурлинов, капитенот Ристовски и Етеми. Натпреварот меѓу Грузија и Македонија е закажан за в петок со почеток во 18 часот.

Read More

Екипата на Арсенал размислува да испрати понуда во текот на зимскиот преоден рок за фудбалерот на Ајнтрахт Франфурт, Јеспер Линдстром. Весникот –  „Билд“, наведува, дека претставниците на клубот стапиле во контакт со 22-годишниот дански интернационалец.Тој во летото во 2021 година го напушти Брондби за 7 милиони евра и се пресели во Бундес-лигата. Линдстром во дебитантската сезона имаше 5 голови и 4 асистенции. Неговата трансферна вредност е околу 20 милиони евра.

Read More