Ралф Шумахер, брат на прославениот ас во Формула 1, Михаел, вели дека младите возачи мора да имаат големи спонзори во почетокот на кариерата доколку сакаат да бидат вклучени во така наречениот – „ циркус на тркала“.
Според него, напредокот чини од 13 до 15 милиони евра. Пред една година Луис Хамилтон ја опиша Ф 1 како „клуб на синови на милијардери“. Се чини дека неговите зборови имаат на тежина ако се знае дека Ландо Норис и Серхио Перез се синови на милионери а татковците на Ленс Строл и Николас Латифи исто така располагаат со големо богатство.
Од друга страна, Шарл Леклер, Макс Верстапен, Карлос Саинц, Мик Шумахер и Кевин Магнусен, имаат татковци кои се натпреварувале на највисоко ниво и исто така вложиле многу во нивниот развој.