Двократниот олимписки шампион, Елид Кипчоге, постави нов светски рекорд на маратонската трка во Берлин.
Триесет и седумгодишниот Кениец оствари време од два часа, една минута и девет секунди и за 30 секунди го подобри неговиот рекорд поставен на истата патека пред две години. Кипчоге на 17-ет маратони има 15 победи од кои четири во Германија.
Тигист Асефа од Етиопија беше најбрза кај атлетичарките. Таа оствари време од 2 часа 15 минути и 37 секунди. Тоа е третиот најдобар резултат во историјата на трката.