Австралиецот, Џек Милнер, е победник на 17-та трка во Мото ГП шампионатот што се возеше за Големата награда на Јапонија.
Членот на Дукати иако започна од седмата стартна позиција успеа прв да ја помине целната рамнина и да ја оствари првата сезонска победа. Второто место го освои Бред Биндер а третото Хорхе Мартин пред Марк Маркез. Лидерите во рангирањето Фабиот Квартараро и Франческо Бањаја имаа лош настап. Французинот го освои осмото место, додека Италијанецот излета во последниот круг.
Квартараро сега ја зголеми предноста на 18 бодови во однос на Бањаја. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки а наредната ќе се вози на Тајланд во наредниот викенд.