Author: dino

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф, може да добие понуда да се пресели во редовите на турскиот гигант, Галатасарај. 28-годишниот Швеѓанец не е прв избор на тренерот, Ерик тен Хаг и се чини дека нема да добие голема минутажа до крајот на сезонава. Затоа, Галатасарај сака да ја искористи ситуацијата и да се обиде да го земе фудбалерот на позајмица до крајот на сезоната.  Договорот на Линделоф со „црвените ѓаволи“ е до 2024 година.

Read More

Фудбалерот, Н’Голо Канте, се опорави од повредата и повторно тренира со соиграчите од Челзи, објави клубот. Играчот од средниот ред заработи повреда на бутот во август во ремито со Тотенхем во второто коло од англиската Премиер лига. Французинот мораше да пропушти 8 натпревари. Канте (31) му се приклучи на Челзи од Лестер во 2016 година. Неговиот актуелен договор е до крајот на сезоната 2022-23. Н’Голо Канте во сезонава забележа два меча без постигнат гол.

Read More

Сериозните финансиски загуби кои Јувентус ги најави за изминатата година најверојатно ќе ја принудат „старата дама“ на драстични мерки. Екипата од Торино објави рекордни загуби од 254,3 милиони евра. По завршувањето на сезоната се очекува да си заминат неколку играчи што добиваат високи плати со што ќе се  олесни буџетот и ќе се балансираат финансиите. Станува збор за Хуан Куадрадо, Адриен Рабиот, Анхел Ди Марија и Алекс Сандро.

Read More

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, навести дека на крајот на годинава може да се повлече од функцијата. Тој како технички директор има освоено титули со Бенетон, Ферари и Мерцедес. Откако помина неколку години надвор од спортот, се врати во Формула 1 на барање на Либерти Медиа и стана спортски директор. „Поради пандемијата и војната во Украина, водење на спортот беше многу тешко, но сега имам намера да го намалам моето присуство во Формула 1. Така ќе имам повеќе време за моите деца и внуци, почесто да одам на риболов и да работам во градината“ – изјави Браун.

Read More

Финалето на Светското првенство во 2026 година ќе се игра на стадионот „ATT“ во Далас, обави –  „ЕСПН“. Таму мечевите ги игра НФЛ тимот Далас Каубојс а капацитетот изнесува 80.000 седишта. Сепак, за потребите на Мундијалот ќе има дополнителни 20.000 седишта и финалето ќе се игра пред 100.000 гледачи. Покрај САД, организатори на Светското првенство во 2026 година се уште и Мексико и Канада. Тогаш за прв пат ќе учествуваат 48 земји поделени во 12 групи. Натпреварите ќе се играат на 11 стадиони во САД, три во Мексико и два во Канада.

Read More

Холандските медиуми објавија дека завршниот турнир од Лигата на нации ќе се одигра во  градовите Ротердам и Еншеде  од 14 до 18 јуни во 2023 година. Амстердам отпаднал од  комбинација бидејќи во тој период имало закажано концерти. Двата града ќе бидат домаќини на едно полуфинале. Во Еншеде ќе се игра мечот за третото место а во Ротердам големото финале. За пехарот ќе се борат домаќинот Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија

Read More

Аргентинскиот тренер, Маурисио Покетино, има шанса да го наследи Герет Саутгејт на кормилото на Англија, наведува весникот – „Телеграф“. Тој беше на стадионот „Вембли“ и го следеше натпреварот од последното коло во Лигата на нации меѓу Англија и Германија кој заврши 3:3. Покетино е без ангажман откако на крајот на претходната сезона доби отказ во ПСЖ.

Read More

Македонија од четвртиот барабан ќе ја чека ждрепката за Европското првенство во Германија во 2024 година. ПРВ: Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска.ВТОР:Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска.ТРЕТ :Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Ирска, Албанија, Црна Гора, Романија, Шведска, Ерменија.ЧЕТВРТИ: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови, Македонија.ПЕТТИ: Словачка, Северна Ирска, Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија, Молдавија, Малта. ШЕСТИ: Андора, Сан Марино, Лихтенштајн. Ждрепката е закажана за 9. октомври во Франкфурт.

Read More

Првиот ден од учеството на Светските универзитетските игри на боречки спортови во Самсун, Турција, нашите  каратисти успеаја да се изборат за  две  борби за бронзен медал. Ангела Мојсовска во категорија -68 кг и Викторија Јовановска во категорија -61 кг в петок ќе се борат за бронзени медали. Мојсовска беше многу блиску до финалето но, за жал не успеа предностa да ја реализира во победа. Младата спортистка Јовановска успеа преку борба во репасаж да обезбеди исто така борба за бронзен медал. Репрезентативците Давид Петков -67 кг, Моника Пендаровска -55 кг и Марија Петровска -50 кг настапуваат денеска. Утре на програмата се…

Read More

Македонската кошаркарска федерација уште еднаш ќе им излезе в пресрет на сите љубители на кошаркарскиот спорт. За натпреварите од новото издание на Супер-купот „Драган Василов-Цевка“ во кои ќе се сретнат најдобрите екипи од минатата натпреварувачка сезона  а ќе се играат на 28. септември (среда) во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, влезот ќе биде СЛОБОДЕН. Предвидено е да се играат натпревари во женска и во машка конкуренција. Во првиот натпревар, од 17.часот, ќе се сретнат актуелниот шампион, екипата на Бадел 1862 и освојувач на Купот, Баскет Кам 2011. Натпреварот во машка конкуренција, во кој ќе играат државниот првак, екипата на МЗТ…

Read More