Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, навести дека на крајот на годинава може да се повлече од функцијата.
Тој како технички директор има освоено титули со Бенетон, Ферари и Мерцедес. Откако помина неколку години надвор од спортот, се врати во Формула 1 на барање на Либерти Медиа и стана спортски директор.
„Поради пандемијата и војната во Украина, водење на спортот беше многу тешко, но сега имам намера да го намалам моето присуство во Формула 1. Така ќе имам повеќе време за моите деца и внуци, почесто да одам на риболов и да работам во градината“ – изјави Браун.