Author: dino

Фудбалскиот тренер, Дејан Станковиќ, ќе добива 700 илјади евра годишно во Сампдорија. Двете страни постигнаа договор и останува само формално потпишување. Покрај основната плата, Србинот ќе добие и дополнителен бонус од 400 илјади евра со што приходите ќе му дојдат до 1,1 милион евра. Сампдорија се наоѓа на последното место во шампионат со само 2 бода по 8 кола. Џеновјани в сабота на 8 октомври  ќе гостуваат кај Болоња.

Read More

Алехандро Камано, кој му е агент на фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, изјави дека двајцата не се изненадени од вниманието што го покажува за крилниот напаѓач германскиот шампион Баерн (Минхен). Последните денови медиумите во Германија и Италија зборуваа дека 25-годишниот Аргентинец би можел догодина да заврши на „Алијанц Арена“. „Не сме изненадени од гласините кои не поврзуваат со Баерн. Во фудбалот секогаш има такви работи но, Лаутаро е сега целосно фокусиран на Интер“, изјави Камано.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, нагласи дека денешната пресметка со Барса во елитата на Европа, може драстично да влијае на текот на сезоната и евентуалниот пласман во фазата на елиминации.  „Нероаѕурите“ во текот на викендот загубија од Рома во дербито во Серија „А“ што дополнително внесува немир во екипата. Тоа го потенцира и Инзаги. „Мислам дека одигравме добар натпревар против Рома и заслуживме подобар резултат. Сега ќе играме против одличен тим“ – рече тренерот на Интер на средбата со новинарите.

Read More

Барселона денеска ќе гостува кај Интер на „Џузепе Меаца“ во 3 коло во Лигата на фудбалските шампиони а тренерот на Каталонците, Чави, вели дека средбата има големо значење за двата тима. „Мечот не е последен но, многу е значаен ако сакаме да одиме во наредната рунда. Интер е многу силен и има одлично движење со двајца напаѓачи. Тоа го нема во Шпанија“ – вели Чави. Во групата „Ц“, Баерн Минхен е лидер со 6 бодови, Интер и Барса имаат по три а Викторија Плзен е на дното на табелата без бод.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, се осврна на критиките упатени кон него по поразот од Арсенал во Лондонското дерби одиграно во текот на викендот. „Не сакам да губам. Секогаш се обидувам на теренот да го испратам најдобриот тим со кој располагам во моментот“ – рече италијанскиот тренер. „Не сакам да играм отворено и да примам шест, седум или осум голови. Можам да држам лекции по фудбал“ – им одговори Конте на критичарите кои алудираат на неговиот дефанзивен стил на игра.

Read More

Германскиот фудбалски стратег, Томас Тухел, кој во претходниот месец неочекувано доби отказ од англискиот состав Челзи, ја одбил понудата да седне на кормилото на Баер Леверкузен. Според информациите од Германија, стратегот не прифатил да се врати во татковината и да работи со „фармацевтите“ кои имаат лоши резултати од почетокот на сезоната.   Тухел пред да замине во францускиот ПСЖ и англискиот Челзи, ги предводеше германските екипи – Аугсбург, Мајнц и Борусија Дортмунд.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, направи споредба меѓу Лео Меси и сегашната ѕвезда на „граѓаните“, Норвежанецот, Ерлинг Халанд, кој во континуитет ги тресе противничките мрежи. „Постои голема разлика меѓу Ерлинг и Лео. На Ерлинг му требаат соиграчи за тоа да го оствари и тоа што го прави е неверојатно. Меси од друга страна сѐ можеше сам“ – беа зборовите на шпанскиот тренер кој имаше незаборавни моменти со Аргентинецот додека работеше во Барселона. Меси во дресот на Каталонците постигна 211 голови на 218 натпревари.

Read More

Португалецот, Мигел Оливеира, победи на денешната трка возена под тешки услови за Големата награда на Тајланд. Тоа за него е прва победа во Мото ГП серијата. На второто место заврши Џек Милер (САД) пред Франческо Бањаја (Италија). До крајот на сезоната има уште три патеки и тоа во Австралија, Малезија и Валенсија. Италијанецот Бањаја сега се проби на првото место на табелата пред Квартараро и Еспагаро.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, тврди дека неговата екипа го одиграла најдобриот сезонски меч и дека не заслужила пораз од Рома во вчерашното дерби на Серија „А“. „Знаеме дека во вторник нè очекува важен натпревар во Лигата на шампионите (против Барселона – б.р.), но нормално е да бидеме разочарани по денешниот сосема незаслужен пораз“ – вели Инзаги. „За жал, не стигнавме да славиме со навивачите кои нон стоп не поддржуваат. Сите треба да направиме повеќе започнувајќи од мене“ – изјави Инзаги

Read More

Ливерпул вчера одигра дома со Брајтон 3-3 во трилер меч во Премиер-лигата а тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, вели дека гостите го заслужиле освоениот бод на „Енфилд“. „Брајтон е многу добар тим.Играа со нова формација и бевме малку изненадени. Губевме со 2-0 и успеавме да се вратиме. Можевме и да победиме но, знам дали ќе беше заслуженo“ – вели Клоп. „Можевме да се браниме многу подобро, таков е фудбалот и мораме да го прифатиме. Знам дека имаме 10 бода и тоа е реалноста“ – потенцираше Германецот.

Read More