Членот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол позицијата за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Сингапур.
Тој на патеката „Марина Беј“ беше подобар од Серхио Перез и Луис Хамилтон. Бранителот на пехарот, Макс Верстапен, заврши дури осми. Меѓу првите десет место обезбедија и Саинц, Алонсо, Норис, Гасли, Магнусен и Цинода.
Верстапен е лидер во рангирањето со 335 бодови пред Леклер со 219 и Перез со 210. Кај конструкорите води Ред Бул со 545 бодови пред Ферари со 406. Утрешната трка за ГН на Сингапур ќе започне во 14.00 часот.