Денеска започнува последното коло по групи во Лигата на фудбалските шампиони кое ќе ги реши сите дилеми околу тимовите кои ќе продолжат во трката за титулата и тие што ќе останат во европската конкуренција во второто по ранг натпреварување. Секако 8 тима од сите групи што ќе завршат како последни, ќе се збогуваат со европската одисеја. Еве ја комплетната програма.18.45 Баер Леверкузен-Бриж Порто-Атлетико Мадрид21.00 Баерн Минхен-Интер Ливерпул-Наполи Олимпик Марсеј-Тотенхем Глазгов Ренџерс-Ајакс Спортинг-Ајнтрахт Франфурт Викторија Плзен-Барселона Сите мечеви во Лигата на фудбалските шампиони можете да ги следите на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ во попладневниот и вечерниот специјализиран термин…
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, јавно го пофали Рафаел Варан кој во текот на летото го напушти Реал Мадрид и се пресели во Премиер-лигата. „Јас за него велам дека е бетон во нашиот среден ред. Каземиро навистина има одлична соработка со сите на теренот. Секогаш може да види што се случува“ – вели Холанѓанецот. Ќе потсетиме дека бразилскиот интернационалец со „краелвите“ успеа да освои дури 5 пехари во Лигата на шампионите.
Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул планираат во текот на зимскиот трансфер период да го ангажираат играчот на Ред Бул Лајпциг, Конрад Лајмер, најавија медиумите во Англија. Четата на Клоп заостанува 15 бодови зад лидерот Арсенал и полека ги намалува шансите да се бори за титулата. Затоа, челниците од „Енфилд“ планираат нови имиња меѓу кои влегува 25-годишниот репрезентативец на Австрија кој има договoр со германскиот тим до 2023 година.
Роберт Левандовски не замина за Чешка на мечот со Викторија Плзен во последното коло од групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, се определи да му даде одмор на репрезентативецот на Полска бидејќи Каталонците немаат ниту теоретски шанси да одат во фазата на елиминации. Според најавите, во нападот на шпанскиот состав ќе се појават Ансу Фати, Феран Торес и Рафиња.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, очекувано ја продолжи соработката со италијанскиот шампион до 2025 година. Тој седна на клупата на „росонерите“ во 2019 година и во претходната сезона успеа да го освои Скудетото. Затоа челниците на тимот се определија да го наградат со нов побогат договор од финансиски аспект. Неговиот состав во тековнава сезона се наоѓа на третото место во Серија „А“ со пет бодови помалку од лидерот Наполи.
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека тимот згрешил со стратегијата околу гумите на трката за Големата награда на Мексико Сити. Двајцата возачи започнаа со средно тврди гуми а потоа се префрлија на цврсти маси. Волф вели дека на одлуката влијаел и првиот пит-стоп на Перез. Стратегијата на Мерцедес се базираше на фактот дека средно тврдите гуми ќе се влошат но, тоа не се случи. „ Бевме притиснати од Перез да го внесеме Луис рано во боксот и не ни помислувавме дека средно-тврдите маси ќе траат до крајот на трката. Беше големо изненадување да видиме како Перез врши притисок врз…
Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, не крие дека е крајно изнервиран поради жолтиот картон кој го доби Милинковиќ-Савиќ на вечрашниот меч со Салернитана. Србинот ќе мора да го прескокне големо градско дерби против Рома. „Имавме контрола на мечот се до израмнувачкиот гол. Тогаш го загубивме целиот наш баланс“ – вели Сари. „Тоа на Милинковиќ Савиќ не беше ниту фаул. Во 50 години фудбал никогаш не сум видел таков жолт картон да добие тимот кој напаѓа“ – вели Сари.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, проценува дека неговиот тим се движи во добра насока и дека се враќа на победничките патеки. Според него, вчерашната победа против Вест Хем на „Олд Трафорд“ треба да биде дополнителен мотив за наредните пресметки во елитата на Англија. „Ме радува духот кој го покажуваме. Имаме добри опции во нападот но, мора да бидеме поефикасни“ – нагласи менаџерот на „црвените ѓаволи“.
Макс Верстапен оствари победа на трката за Големата награда на Мексико. Двократниот светски шампион во Формула 1 успеа да го забележи 14-ти триумф во сезонава и да се пробие на првото место на вечната листа по број на добиени трки во една сезона. Возачот на Ред Бул славеше пред Луис Хамилтон од Мерцедес додека на третото скалило од подиумот се искачи Серхио Перез, од Ред Бул. Во генералниот пласман води Верстапен со 416 бодови пред Перес со 280 и Леклер со 275. До крајот на сезоната остануваат уште две трки. Првата е за Големата награда на Бразил на 13 ноември.
Фудбалерите на Реал Мадрид доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Жирона 1:1 со што загубија значајни два бода во трката за шампионската титула во Шпанија. Гостите успеаја да изедначат од пенал кој според тренерот на „белите“, Карло Анчелоти, не требало да биде досуден. Тој вели дека воопшто немало играње со рака од страна на Асенсио. „Топката го удри во гради. Зборував со Асенсио и неговата позиција е навистина чудна но, тој не ја допре топката со рака. Не знам што се случи, измислија пенал“ – вели италијанскиот стратег.
