Макс Верстапен оствари победа на трката за Големата награда на Мексико.
Двократниот светски шампион во Формула 1 успеа да го забележи 14-ти триумф во сезонава и да се пробие на првото место на вечната листа по број на добиени трки во една сезона. Возачот на Ред Бул славеше пред Луис Хамилтон од Мерцедес додека на третото скалило од подиумот се искачи Серхио Перез, од Ред Бул.
Во генералниот пласман води Верстапен со 416 бодови пред Перес со 280 и Леклер со 275. До крајот на сезоната остануваат уште две трки. Првата е за Големата награда на Бразил на 13 ноември.