Шефот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека тимот згрешил со стратегијата околу гумите на трката за Големата награда на Мексико Сити.
Двајцата возачи започнаа со средно тврди гуми а потоа се префрлија на цврсти маси. Волф вели дека на одлуката влијаел и првиот пит-стоп на Перез. Стратегијата на Мерцедес се базираше на фактот дека средно тврдите гуми ќе се влошат но, тоа не се случи.
„ Бевме притиснати од Перез да го внесеме Луис рано во боксот и не ни помислувавме дека средно-тврдите маси ќе траат до крајот на трката. Беше големо изненадување да видиме како Перез врши притисок врз гумите а сепак тие издржаа. Значи, згрешивме“ – вели првиот човек на Мерцедес.