Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се израмни со легендарниот Вилд Чемберлен кога станува збор за направен троен ефект во НБА конкуренцијата.
Тој на мечот со Оклахома постигна 19 пкошеви, 16 скокови и 13 асистенции со што стигна до 78-от трипл-дабл . Чемберлен и Јокиќ се израмнети на шестото место на вечната листа.
На чело е Расел Вестбрук кој 194 пати успеа да оствари трипл-дабл, втор е Оскар Робертсон (181) пред Меџик Џонсон (138), Џејсон Кид (107) и Леброн Џејмс (105).