Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, верува дека Ерлинг Халанд може да се појави на утрешниот меч со Лестер во рамките на Премиер-лигата.
Норвежанецот се повреди на мечот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите и остана во соблекувалната на полувремето. Првиот голгетер на Сити досега има 17 погодоци на 11 мечеви во најсилната лига на Англија.
„Тој се чувствува подобро. Ќе видиме како ќе му биде стапалото и потоа ќе одлучиме. Ако Ерлинг не е подготвен, Хулијан Алварез првата опција’ – потенцираше Гвардиола на денешната средба со новинарите.