Макс Верстапен со болидот на Ред Бул, ја потврди титулата во Формула 1 со денешната победа на последната трка возена за Големата награда на Абу Даби.
Холанѓанецот триумфираше по трет пат на патеката – „ Јас Марина“. Второто место го обезбеди членот на Ферари, Шарл Леклер а третото, Серхио Перез, вториот возач на Ред Бул.
Во генералниот пласман, Верстапен , ја заврши сезоната со 454 бодови пред Шарл Леклер со 308 и Перез со 305.