Author: dino

Селекторот на фудбалерите на Мароко, Валид Реграгуи, го спореди успехот на неговата селекција со остварувањето на боксерот Роки Балбоа во историскиот филм на Силверстер Сталоне. „Луѓето зборуваат за нас како да сме големо чудо. Ние не сме чудо, ние сме Роки Балбоа. Знаете дека обичниот народ сака да навива за Роки Балбоа. Пред почетокот на Мундијалот ме прашаа дали може да го освоиме турнирот. Зошто да не? Може да сонуваме…“, вели селекторот. Мароко в среда го очекува мечот со Франција за влез во големото финале на Светското првенство во Катар.

Read More

Фудбалерите на Хрватска го пополнија првото место во полу-финалето на Мундијалот во Катар откако по изведување на пеналите го совладаа Бразил со 5-3. Во регуларниот дел нема голови додека во продолженијата „кариоките“ поведоа со голот на Нејмар а „коцкестите“ изедначија со погодокот на Бруно Петковиќ. Во пенал-рулетот, головите за победникот ги постигнаа Власиќ, Мајер, Модриќ и Орсиќ додека за Бразилците погодија Касемиро и Педро. Решавачкиот момент се случи кога Маркињос ја погоди стативата што значеше и елиминација на Бразил од Мундијалот.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, посакува да освои многу трофеи со екипата на Наполи. „Четири години сум во Наполи и сакам нов трофеј. Ќе дадеме сè во Серија А и во ЛШ а на крај се надевам и верувам дека ќе бидеме шампиони. Живееме во прекрасен момент но, мора да гледаме напред и да не застануваме“ потенцирал Елмас. „Што се однесува до Македонија, мојата цел е да играме на наредното Европско првенство како и на наредното Светско првенство“ – вели Елмас пред  денешниот пријателски меч со Анталија.

Read More

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, вели дека Баварците планираат да ја продолжат соработката со 19 – годишниот фудбалер, Џамал Мусиала, кој ги бранеше боите на Германија на Мундијалот во Катар. „Пред Светското контактиравме со неговата мајка и со неговите агенти. Ние сакаме да го задржиме во екипата на подолг период. Секако ќе седнеме да преговараме„ – изјави Салихамиџиќ за весникот „Билд“.   Мусиала, прв пат го облече дресот на Берн Минхен во 2019 година. Неговиот сегашен договор истекува во 2026-та.

Read More

Ливерпул е фаворит за потпис на репрезентативецот на Англија Џуд Белингем, објави весникот  „Билд“ . 19-годишниот фудбалер од средниот ред на Борусија Дортмунд и неговото семејство, исто така претпочитаат трансфер на стадионот –  „Енфилд“. Германскиот состав за слободата на Белингем ќе бара околу 150 милиони евра. Иако имаше најави дека младиот играч може да замине во Реал Мадрид, сепак „црвените“ се многу блиску да го убедат да се пресели во Англија.

Read More

Селекторот на фудбалерите на Шпанија, Луис Енрике, по вчерашната елиминација од Мароко на Мундијалот во Катар, вели дека не размислува за оставка. „Сега не е време да зборуваме за мојата иднина.  Допрва ќе зборувам со претседателот. Засега не размислувам за тоа “ – вели Луис Енрике по пенал рулетот кој им припадна на Африканците. „Одговорноста е моја бидејќи јас ги одбрав првите тројца изведувачи.  Другите беа определени во договор со тимот но, немаа можност да шутираат“ – изјави Енрике.

Read More

Светскиот шампион Франција в сабота ќе излезе на мегдан со Англија во четвртфиналето на Мундијалот во Катар. Помошниот тренер на „триколорите“, Стефан Гај, вели дека Бенџамин Павард, може да го пропушти и тој меч откако беше на удар на јавноста поради грешката на дуелот  со Австралија. Гај додаде дека разговарал со Павар, кој бил видно разочаран но, ја мирно ја прифатил одлуката на стручниот штаб. Селекторот, Дидие Дешамп, изјави дека настапот на Павар на дуелот со „кенгурите“ не бил добар од ниту еден аспект.

Read More

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, одговори на критиките дека поставил погрешна шема на вчерашниот меч со Португалија кој им припадна на „европските бразилци“ со убедливи 6:1. „Ние и претходно ја користевме таа шема. Вистината е дека не влеговме во игра во првото полувреме. Мораме да прифатиме дека нашиот план не функционираше и да признаеме дека Португалија беше подобра репрезентација“ – вели Јакин. „Мислам дека донесов вистински одлуки. Проблемот не беше во нашиот план за игра туку во противникот. Португалија беше многу посилна од нас“ – потенцираше Јакин.

Read More

Фудбалерите на Мароко направија сензација на Мундијалот во Катар откако на пенали ја елиминираа Шпанија и обезбедија место меѓу најдобрите осум репрезентации. Селекторот, Валид Реграгуи, вели дека неговите пулени се бореле до крајот. „Испишавме историјата за фудбалот во Мароко. Нашите навивачи многу ни помогнаа“ -рече Реграгуи. „Дојдовме да се претставиме во најдобро светло и да го претставиме африканскиот фудбал. Не дојдовме да одиграме само три натпревари, имаме право да сонуваме за титулата“ – вели селекторот на Мароко.

Read More

Одлуката на селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, да го стави Роналдо на теренот откако беше решен мечот со Швајцарија, изненади многумина. „ Роналдо и Рамош се различни играчи. Нема проблем меѓу Фернандо Сантош и капитенот на репрезентацијата, ние сме пријатели со години. Некои работи не влијаат на нас“ – вели Сантош задоволен од победата со 6:1. „Одигравме добар меч, не беше совршено. Сега треба да останеме со студени глави“ – изјави Сантош.

Read More