Селекторот на фудбалерите на Холандија, Луј ван Гал, негира дека го навредил Лео Меси по мечот со Аргентина на Мундијалот во Катар. Средбата изобилуваше со тензија и инциденти меѓу играчите а таквата слика се повтори и надвот од теренот. „Никогаш не сум го критикувал Меси. Единственото што го кажав беше дека во 2014 година успеавме да го изолираме од играта и не дозволивме да добие топка. Аргентинските медиуми ги пренесоа зборовите на погрешен начин“ – вели холандскиот селектор.
Author: dino
Британските медиуми најавуваат дека Манчестер Јунајтед во зимскиот трансфер период ќе одвои 50 милиони евра за да го купи напаѓачот на ПСВ, Гакпо. Младиот Холанѓанец имаше одлични настапи на Светското првенство во Катар. Тренерот на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг, планира да дојде и до потписот на Гонсало Рамос. Фудбалерот на Бенфика по хет-трикот на мечот со Швајцарија стана магнет за големите екипи. Португалецот кој има трансферна вредност од 60 – 70 милиони евра има одлична сезона и во дресот на Бенфика.
Фудбалерите на Франција, Упамекано и Адриен Рабио, повторно се во тренинг процес и ќе му бидат на располагње на селекторот Дидие Дешамп за големото финале со Аргентина закажано за в недела во Катар. Двајцата поради болест не се појавија на полуфиналниот меч со Мароко кој им припадна на „триколорите“ со 2 спрема 0. Медиумите денеска потврдија дека Рабио и Упамекано биле дел од последните активности на репрезентацијата и дека сигурно ќе бидат на списокот за мечот со „гаучосите“.
Поранешниот фудбалер, Бастијан Швајнштајгер, кој извесен период помина на „Олд Трафорд“ вели дека напаѓачот на „црвените ѓаволи“, Ентони Марсијал, може да биде значајна фигура во тимот. „Марсијал има огромен потенцијал. Се сеќавам на времето кога пристигна во Јунајтед и кога постигна гол против Ливерпул на специјален начин“ – вели Германецот. „Тој е најопасен во ситуација еден на еден и кога ќе добие топка пред голот“ – вели Шванштајгер.
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе мора да пузира подолг период, велат последните информации од САД. Бекот го повреди рамото на мечот со Индијана а прегледите покажале дека ќе има подолг процес на рехабилитација. Поранешниот шампион во моментов се наоѓа на 10-то место во западната конференција со 14 победи од 29 средби.
Мароканските медиуми пренесоа дека кралот го исконтактирал селекторот Валид Реграги по поразот од Франција за да му покаже колку е горд на тоа што го постигнале неговите фудбалери. Кралот Мухамед шести лично му се јавил на Реграги за да му честита за историскиот успех во Катар . Мароко стана првата селекција од „црниот континент“ која се пласирала во полу-финале на еден фудбалски мундијал.
Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ донесе експресна одлука за инцидентот што се случи во недела на мечот помеѓу Чаир 2030 и Работнички, кој беше прекинат по физички напад врз гостински кошаркар. Чаирчани ќе играат десет меча играње пред празни трибини и ќе платат вкупно 200.000 денари од кои 48.000 се поради прекинот, 132.000 според Дисциплинскиот правилник и по 10.000 денари се казна за Рушити Арбин како еден од иницијаторите на инцидентот како и за фрлање петарди. Со 10.000 денари е казнет и Работнички и тоа поради однесувањето на Ерик Нотиџ, кој исто така е означен како еден од иницијаторите. Средбата…
Ракометарките на Ѓорче Петров во осминафиналето на Европскиот куп ќе играат против екипата на Јарослав. Полскиот тим во 3 коло го елиминираше португалскиот Алвариум а предходно оствари победа и пораз против Венло од Холандија. Првиот натпревар се игра на 7 или 8 јануари во Полска а реваншот една недела подоцна во Скопје. Ѓорче Петров нема пораз во четирите натпревари од Европскиот куп. Одиграа нерешено и го совлада Тор на Исланд а потоа двапати беше сигурен против Румс Јагс од Австрија.
Македонските ракометни легенди ќе излезат на терен против против актуелната репрезентација на Македонија на 3 јануари во СЦ Борис Трајковски од 19.00 часот. Спортскиот спектакл има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои имале придонес во колективниот ефект на ракометот како најпопуларен македонски спорт. Присуство на теренот потврдија: Алушевски Стевче, Ангелов Петар, Ангеловски Бранко, Ѓоргоновски Горан, Даскаловски Златко, Димовски Ванчо, Јовиќ Александар, Кузмановски Горан, Јоновски Ацо, Лазаров Кирил, Лазаров Филип, Макаловски Гоце, Марковски Велко, Миркуловски Филип, Митков Влатко, Мојсовски Златко, Мојсовски Наумче, Недановски Владо, Ристовски Борко, Стоилов Митко, Стоилов Столе и Стојановиќ Раде. Со…
Аргентина и Хрватска денеска ќе го одиграат првото полу-финале на Светското фудбалско првенство во Катар. Јужноамериканците ја освоија групата со Саудиска Арабија, Мексико и Полска а потоа ги елиминираа Австралија и Холандија. Хрватите откако ја поминаа групата со Мароко, Белгија и Канада, успеаја на пенали да ги елиминираат Јапонија и Бразил. Досега, Аргентина и Хрватска се сретнале двапати на Светските првенства – во Франција 1998 и во Русија 2018. Во првиот случај „гаучосите“ победија со 1:0 а во вториот „коцкестите со 3:0. Денешниот меч ќе го суди Италијанецот, Даниеле Орсато. Победникот од средбата Аргентина-Хрватска во големото финале ќе се соочи…
