Од денеска официјално со целосни права и со одлука на Централниот регистар на Македонија беше отворено првото професионално боксерско здружение во земјава за промоција и манаџирање со боксери.„Моето неколкугодишно искуство во европските земји, соработувајќи со најголемите европски менаџери и промотори, сега ќе го искористам и во мојата земја каде во иднина ќе донесам многу познати боксери, како и ќе соработувам со боксери од Македонија што сакат во иднина да се приклуќат во нашиот манагамент со што ќе го преставуават во најдробро светло боксот и во меѓународни настапи и во домашна сцена“ – изјави Авдиљ Салиху, лиценциран Манаџер и Промотер од…
Author: dino
Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени)1. Бобан Илиоски – Кик Бокс клуб Шампион1. Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел3. Филип Додевски – Таеквондо клуб Бутел4. Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол5. Викторија Варадинова – Кик Бокс клуб Шампион6. Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб Магнус7. Дарио Ивановски – Маратон клуб Делта8. Вероника Костовска – Карате клуб Олимпик 20079. Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта10. Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени)1. Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол2. Омер Мемеди – Боречки клуб Лирија 20103. Нелсон Узеир –…
Извршниот директор на Порше и претседател на одборот на директори на Фолксваген, Оливер Блум, конечно одлучи да ја открие другата страна од неуспешните преговори со Ред Бул. Порше започна преговори со Ред Бул за купување на половина од тимот и снабдување со мотори. Сепак договорот пропадна токму кога сите очекуваа успешен крај. „Постигнавме договор и буквално се ракувавме но, во последен момент не успеавме да ја завршиме зделката. Сакавме да бидеме рамноправен партнер“ – вели Блум.
Првиот човек на судиската комисија на ФИФА, Пјер Луиџи Колина, оцени дека Полјакот, Симон Марчињак, одлично си ја заврши работата во вчерашното финале меѓу Франција и Аргентина на Светското првенство во Катар. Главниот судијапокажа еден пенал за Аргентина и два удара од белата точка за Франција. Легендарниот „ќелавко“ вели дека Марчињак бил перфектен во финалето. „Беше подобар и од технологијата“ – рече кратко Колина
Селекторот на фудбалерите на Франција, Дидие Дешам, вели дека цели 60 минути неговиот тим бил во втор план на вчерашниот финален меч со Аргентина на Мундијалот во Катар. „Противникот покажа многу квалитет, агресивност, бевме полоши. Се вративме од никаде. Да губевме со 3-0 немаше да жалиме, само ќе му честитавме на противникот“ – вели Дешамп. „Триколорите“ во финалето загубија од „гаучосите“ по изведувањето на пенали откако во регуларниот дел беше 2:2 а во продолжението двете селекции постигнаа по еден гол.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, кој со 44 години стана третиот најмлад кој водел една селекција во финале, многу емотивно го прослави светскиот трон со Аргентина. „Ако татко ми ме гледа а и мајка ми… А верувам дека гледаат…. Тој и мајка ми ме учеа дека никогаш не треба да се предадам во било кои околности. Сакам само да кажам едно благодарам за сѐ“ – вели Скалони. „Сѐ уште не сме свесни, сѐ уште сме во еуфорија но, чувството да се биде светски првак е – фантастично. Сега треба сите да се радуваат“ – вели Скалони.
Екипите на Аргентина и Франција одиграа финале кое ќе остане во историјата со уште еден факт откако една од двете екипи направи вкупно 7 замени. ФИФА дозволува 5 замени на натпревар плус уште една доколку има продолженија. Сепак, фудбалската централа неодамна дозволи од медицински причини уште една кога фудбалер ќе добие удар во главата и постои ризик од потрес на мозокот. Токму тоа се случи во 96. минута од првото продолжение кога слична повреда заработи Адриен Рабиот а Дешамп ја направи и седмата замена.
Аргентинскиот фудбалер за врска, Алексис Мекалистер, призна дека не очекувал „гаучосите“ да ја совладаат Франција и да стигнат до победничкиот пехар на СП во Катар. „Да ме прашавте пред Светското првенство дали очекувам вакво нешто, ќе реков не. Се чувствував многу удобно со помошта на моите тренери и соиграчи. Да уживаме во овој успех“ – вели играчот на Аргентина. „Секогаш ќе се сеќаваме на начинот на кој стигнавме тука . Веднаш по мечот пуштив солзи радосници“ – вели Мекалистер.
Фудбалскиот клуб, Црвена Ѕвезда, одржа комеморација по повод смртта на Синиша Михајловиќ кој ја загуби битката со леукемијата. Србите се простуваат од фудбалската легенда а меѓу присутните беше и Илија Најдоски како член на златната генерација на „црвено-белите“ која во 1991 година стана европски првак. Покрај претседателот на клубот Мијаиловиќ, на комеморацијата говореа и генералниот директор Звездан Терзиќ, Драган Џајиќ, Љупко Петровиќ и Драгиша Биниќ. Простување од Србинот кој речиси 30 години играше и работеше како тренер во Италија има и во Рим. Во Италија утре ќе биде и погребот. Деновиве колони луѓе чекаат да му се поклонат и да…
Медиумите на Пиринеите денеска објавија дека младиот фудбалер на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, најверојатно ќе биде испратен на позајмица со посебна клаузула дека ќе може да се врати на „Сантијаго Бернабе“ доколку шпанците го побараат тоа. Наводно, „кралевите“ се расположени да го пуштат Французинот а Милан сака да го ангажира со 18-месечна позајмица со право на откуп. Двата фудбалски гиганта од Шпанија и Италија претходно по истиот принцип го договорија трансферот на Брахим Дијаз.
