Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг, побарал од Лисандро Мартинез што побрзо да се врати во клубот. „Црвените ѓаволи“ во вторник од 21 часот на „Олд Трафорд“ ќе го пречекаат Нотингем Форест а потоа на 31 декември ќе одат кај Вулверхемптон. На 3. јануари избраниците на Тен Хаг ги очекува нов меч во првенството а серијата ќе продолжи некаде до средината на јануари. Мартинез за селекцијата на Аргентина одигра пет натпревари на Мундијалот во Катар
Author: dino
Првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов, во придружба на тренерот Кире Лазаров, денеска беа дел од свеченоста по повод отворањето на реновираната сала – „Автокоманда“ во која клубот ќе ги игра натпреварите. „Чест и привилегија е за клуб како нашиот да има дом. Мислам дека тоа е предуслов, основа и база за понатамошна добра и квалитетна иднина. Во изминатите години од спортски аспект сакам да кажам дека сум презадоволен. Алкалоид почна од првата лига и за само една година влезе во најквалитетната лига“ – вели Лазаров. Алкалоид во дебитантската сезона во Супер-лигата го освои второто место во групата зад Вардар…
Фудбалерот, Милан Шкрињар, нема намера да го продолжи договорот со Интер кој му истекува на крајот на сезоната. Затоа „нероаѕурите“ започнале да размислуваат за негова замена, објавија дел од медиумите во Италија. Според најавите, калчо-лигашот сака да го врати во Серија „А“ Калиду Кулибали, кој во летото зад нас го напушти Наполи и замина во Челзи. Во исто време се наведува дека Крис Смолинг од Рома може да добие понуда да се пресели на стадионот – „Џузепе Меаца“.
„Газета дело спорт“ објави дека луѓето од Наполи размислуваат да му понудат нов договор на фудбалерот, Хвица Кварачелија. 21-годишниот Грузиец има 8 голови и 10 асистенции на 17 натпревари во сите конкуренции. Неговиот актуелен договор истекува во летото во 2027 година. Неговата плата е скромни 1,2 милиони по сезона. Наполи е подготвен да му ги зголеми примањата и да му го продолжи договорот.
Челниците на Манчестер Јунајтед будно ги следат настапите на ѕвездата на Ајакс, Мохамед Кудус. 22-годишниот фудбалер од средниот ред имаше одлични партии во дресот на Гана на Мундијалот во Катар. „Црвените ѓаволи“ ќе имаат сериозна конкуренција за потписот на младиот фудбалер кој влегува и во радарот Ливерпул, Челзи и Евертон. „Карамелите“ дури упатија понуда за него вредна 15 милиони фунти но, таа беше одбиена. „Копјаниците“ за потписот на Кудус бараат најмалку 40 милини евра.
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, проговори за одличните партии на Гранит Џака кој за разлика од минатото сега има далеку поофанзивни задачи. „ Мораше да се случи промена кај Џака. Моравме да се поставиме доминантно во завршната третина од теренот. Му го кажав тоа на крајот од сезоната“ – вели Артета. „Побарав од него да направи промена. Веднаш разбра што сакам, тој е многу паметен и интелигентен и ја прифати новата улога“ – вели Артета.
Манчестер Сити и Ливерпул вчера одиграа фантастичен натпревар на „Итихад“ на кој видовме пет погодоци и многу шанси на двете страни. Поранешниот играч Џејми Карагер не крие дека е задоволен од прикажаното на двата тима. „Беше брилијанто, вистински фудбал. Ниту еден метар од теренот не беше слободен. Сити во добар дел беше подобар тим но, честитки и за Ливерпул“ – вели Карагер. „Клупскиот фудбал е едноставно на друго ниво во споредба со репрезентативниот фудбал. Квалитетот не може да се спореди“ – вели Карагер.
Денеска во РФМ беше одреден распоредот за продолжението на сезоната во Плеј-оф и Плеј -аут конкуренциите. Решавачките мечеви за титулата меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат одиграни во 5. и 12. коло. Шампионатот по зимската пауза и настапот на Македонија на СП ќе продолжи на 11/12 февруари а ќе заврши 27/28 мај. Прво коло плеј-офВардар – Т. ПролетЕ. Пелистер 2 – ГРК ОхридБутел Скопје – Е. ПелистерГРК Тиквеш – Алкалоид Прво коло плеј-аутВардар (Н) – Голден АртПрилеп – РадовишЈуниор К. В. – КумановоСкопје 2020 – Струга
Македонската фудбалска репрезентација со 1355 поени остана на 65 позиција на ФИФА ранг листата. Тоа е три места подолу од нашиот најдобар пласман во 2022 година во мартовското рангирање. На врвот и натаму е Браил пред новиот светски шампион, Аргентина. Во првата десетка се уште и Франција, Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија. Селекцијата на Мароко која во Катар стана првата земја од Африка што обезбедила место меѓу најдобрите четири на еден Мундијал, сега е рангирана на 11 позиција.
Фудбалерот на Милан, Исмаел Бенасер и челниците на тимот, не успеаја да се договорат за продолжување на соработката. Неговиот агент за траснфери, Енцо Раиола, имал разговори со Паоло Малдини и Фредерик Масара во базата на „росонерите“. Актуелниот договор на играчот е до летото во 2024 година а неговата плата е околу 2,5 милиони евра. Алжирецот бара да добива 4,5 милиони. Тој за калчо-лигашот има одиграно 126 натпревари, 4 гола и 8 асистенции.
