Русинката, Наталија Антјух и официјално ја загуби олимписката титула на 400 метри со пречки од Игрите во Лондон во 2012 година откако не вложи жалба на одлуката за кршење на анти-допинг правилата.
41-годишната атлетичарка беше осудена во октомври и имаше 45 дена да поднесе жалба. Меѓународниот олимписки комитет сега може да ги прераспредели медалите од натпреварувањето во дисциплината.
Тоа значи дека Американката Лашинда Демус ќе добие злато, Чехинката Сузана Хеинова сребро а Калис Спенсер од Јамајка бронза.