Author: dino

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, добил понуда да се пресели во екипата на Њукасл. Англискиот состав на  18-годишниот играч му нуди плата од 150.000 фунти неделно. Мукоко кој е дел од нападот на „милионерите“ досега има дадено шест голови и направено четири асистенции во Бундес-лигата. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната. За услугите на Мукоко се заинтересирани уште неколку екипи од Шпанија и Англија.   

Read More

Нашите претставници во ракометната СЕХА лига, Вардар и Еурофарм Пелистер, во различни термини ќе ги започнат настапите во групната фаза. Скопјани на 28 јануари ќе гостуваат во Словачка додека два дена подоцна Пелистерци ќе играат во Нови Сад. А ГРУПА 30.01.2023 – Војводина – Еурофарм Пелистер 02.02.2023 – Нексе Нашице – Еурофарм Пелистер 02.03.2023 – Еурофарм Пелистер – Војводина 14.03.2023 – Еурофарм Пелистер – Нексе Нашице Б ГРУПА: 28.01.2023 – Татран Прешов – Вардар 1961 01.02.2023 – Вардар 1961 – Партизан 10.02.2023 – Вардар 1961 – Татран Прешов 28.02.2023 – Партизан – Вардар 1961

Read More

Роберто Мартинез е нов селектор на фудбалската репрезентацијата на Португалија. Тој откако го напушти кормилото на Белгија по неуспехот на Мундијалот во Катар, сега ќе го наследи  Фернандо Сантош кој од истите причини си замина од кормилото на „европските бразилци“.  „Почестен сум што ќе водам репрезентација која е една од најталентираните во светот. Ќе разговарам со сите играчи кои беа во Катар вклучително и со Роналдо кој го почитувам многу“ – рече Мартинез. 

Read More

Макс Верстапен кој во претходната сезона во Ф1 доминатно ја освои титулата со болидот на Ред Бул, вели дека посакувал возбудувањата околу победничкиот пехар да бидат присутни до самиот крај. „Од една страна сакав борбата за светската титула да трае подолго со оглед на тоа колку беа изедначени болидите. Изненадувачки е што дојдовме до толку големо водство. Од друга страна, добро е што битката за титулата беше решена порано особено по крајно спорниот финиш во сезоната во 2021“ – вели возачот во Формула 1. „ Сигурен сум дека сега ни претстои многу изедначен шампионат во 2023 година “ – потенцираше…

Read More

Претседателот на Федерацијата за автомобили и мотоцикли на Саудиска Арабија, принцот Калид бин Султан Ал Фајсал, сака да привлече тим од Формула 1 кој ќе има база во неговата земјата. Желбата на принцот Ал Фајсал е во рок од 15 години во Саудиска Арабија да се создаде центар за моторни спортови како што има Британија. Именио, седум од десетте Ф1 тимови моментално се со седиште во Обединетото Кралство. Исклучок се Ферари и Алфа Таури, чија фабрика е во Италија и Алфа Ромео (Заубер) кој е стациониран во Швајцарија. „Сакаме да создадеме центар. Имаме одлични компании кои можат да помогнат за…

Read More

Фудбалерот на Рома, Тами Абрахам, не крие дека е задоволен со вчерашното реми кај Милан (2-2) остварено во рамките на Серија „А“ . „Волчицата“ имаше негатива до 88 минута кога прво Ибањез а малку подоцна и Абрахам постигнаа голови за изедначување. „Чувствував дека ќе дадам гол. Моравме да играме трпеливо и да ја чекаме нашата шанса. Реагирав добро по ударот на Матиќ“ – вели напаѓачот на Рома.

Read More

20-годишниот играч на Валенсија, Муса, може да добие покана да се пресели во редовите на Ливерпул. Фудбалерот кој е роден во Њујорк има 84 настапи, 5 голови и 3 асистенции за шпанскиот клуб. Американецот има договор со Валенсија до 2026 година а неговата цена трансферна цена е околу 25 милиони евра. Според медиумите, за потписот на Муса се заинтересирани и челниците на  Челзи.

Read More

Фудбалерот, Хари Мегваер, нема да го напушти составот на Манчестер Јунајтед иако се појавија шпекулации дека за неговиот потпис се заинтересирани челниците на Астон Вила. Англискиот дефанзивец иако главно седи на клупата за резерви, сепак ќе ја доигра сезоната на стадионот – „Олд Трафорд“. Тој има скромни 13 настапи. Тренерот на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг, неодамна изјави дека корпулентниот халф ќе биде во комбинација за  продолжението од шампионатот.

Read More

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, целосно се повлече од ММА. Дагестанецот, работеше како тренер откако во 2020 година ја заврши кариерата. Веста ја потврдија руските и светските медиуми. Нурмагомедов ја напушта тренерската работа бидејќи сака да поминува повеќе време со семејството. Тој никогаш нема изгубено борба во професионалната кариера. Хабиб е двократен светски шампион и моментално го држи рекордот за непоразеност во ММА со 29 победи.

Read More

Луѓето од Барселона започнале преговори со францускиот фудбалер Бенџамин Павард кој во текот на летото веројатно ќе си замине од редовите на Баерн Минхен, најавија денеска дел од медиумите на Пиринеите. Тој досега ги носеше дресовите на Лил, Штутгарт и Баерн Минхен а за француската репрезентација има одиграно 47 мечеви и постигнато два гола. Павар беше дел од селекцијата на „галските петли“ што го освои Мундијалот во 2018 година.

Read More