Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, целосно се повлече од ММА.
Дагестанецот, работеше како тренер откако во 2020 година ја заврши кариерата. Веста ја потврдија руските и светските медиуми. Нурмагомедов ја напушта тренерската работа бидејќи сака да поминува повеќе време со семејството.
Тој никогаш нема изгубено борба во професионалната кариера. Хабиб е двократен светски шампион и моментално го држи рекордот за непоразеност во ММА со 29 победи.