Претседателот на Федерацијата за автомобили и мотоцикли на Саудиска Арабија, принцот Калид бин Султан Ал Фајсал, сака да привлече тим од Формула 1 кој ќе има база во неговата земјата.
Желбата на принцот Ал Фајсал е во рок од 15 години во Саудиска Арабија да се создаде центар за моторни спортови како што има Британија. Именио, седум од десетте Ф1 тимови моментално се со седиште во Обединетото Кралство. Исклучок се Ферари и Алфа Таури, чија фабрика е во Италија и Алфа Ромео (Заубер) кој е стациониран во Швајцарија.
„Сакаме да создадеме центар. Имаме одлични компании кои можат да помогнат за иднината на мото-спортот“, изјави Ал Фајсал. Саудиска Арабија се приклучи во календарот на Формула 1 во 2021 година со трката во Џеда.